ЗНАМ по одлуката на Цеков: За човек кој јавно се залагаше за внесување на Бугарите во Уставот, природно е што повеќе не се препознава во политиките на Движењето ЗНАМ
Подолг период беше јасно дека пратеникот Миле Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите, програмските определби и државотворната визија на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Затоа, неговата одлука да ја напушти пратеничката група и да делува како независен пратеник не претставува изненадување. Движењето ЗНАМ е создадено врз јасни принципи кои се темелат на чесност, одговорност, заштита на македонските национални …
Continue Reading
Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во објава на социјалната мрежа Х, по веста дека пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е независен пратеник, порача дека тендер-коалицијата на ВМРО и ЗНАМ почнува да се распаѓа. Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа! Пратеникот Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и од денеска е …
Continue Reading
ДОМ: Изгласани нетранспарентни законски измени во областа на рударството и минералните суровини со штетни последици по природата и здравјето на граѓаните
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на донесувањето на Законот за минерални суровини по скратена постапка без јавна расправа и без вклучување на стручната јавност и граѓаните. „Овој начин на носење закон не е техничко прашање – туку суштинско отстапување од демократските принципи. Кога се носат одлуки што директно влијаат врз природните ресурси, здравјето на луѓето и иднината на …
Continue Reading
Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во однос на критиките за недоволно реализираното од Реформската агенда, како одговор на пратеничко прашање даде поширок контекст во насока на појаснување дека на крајот на јуни завршува „грејс периодот“, за оние индикатори кои требаше да бидат завршени заклучно јуни 2025 година. „Од 12, 10 треба до јуни да ги завршиме. Првиот индикатор е во …
Continue Reading
Мицкоски: СДСМ методолошки шират лаги со цел да обезбедат алиби како да се задржи актуелното раководството после следниот изборен пораз
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на обвинувањата на опозицијата за евроинтегративниот процес. „Изјавите кои доаѓаат од дел од опозицијата, во случајот СДСМ, без разлика кој ги испраќа од актуелното раководство, се навистина збунувачки. Би рекол чудни изјави кои немаат за цел да ја кажат вистината, туку имаат за цел …
Continue Reading
Мицкоски до Беџети: Никој нема ништо против користењето на албанскиот јазик
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања истакна дека никој во оваа држава нема против користењето на албанскиот јазик, како и тоа дека оваа влада нема да им дозволи на ДУИ да играат на ситен популизам на етнички теми и дека сите граѓани се ценат подеднакво, а не по етничка линија. „Никој нема против користењето на …
Continue Reading
(Видео) Огњеновиќ: Мицкоски и Тошковски воведуваат шпионски софтвер Pegasus
Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија. Тој систем се вика Pegasus, шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group, изјави Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ. Тој вели дека системот може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, …
Continue Reading
ЛДП: Премиерот итно да го дисциплинира министерот за правда
Либерално-демократската партија (ЛДП) реагира на вчерашната прес-конференција на министерот за правда, Игор Филков, на која, како што велат, наместо да се информира јавноста за реформите и законските решенија, беше злоупотребена говорницата на Министерството за правда за политичка пресметка со опозициона партија, само затоа што не присуствувала на состанок на работната група за Изборниот законик. Претставникот на ЛДП во работната група, …
Continue Reading
(Видео) СДСМ бара одговори од Тошковски за акцијата во која беше уапсен директорот на Инспекторатот за земјоделие
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поврзано со полициската акција за поткуп во која во март беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделие. Петровска изрази сомнеж за селективно постапување и евентуално прикривање на детали во акцијата, посочувајќи дека институциите не дале целосни информации за случајот и …
Continue Reading