Левица: Испраќањето пратки преку Македонска пошта кон САД е речиси невозможно


vozila-poshta.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До политичката партија Левица деновиве пристигнале повеќе алармантни дописи од граѓани и мали стопанственици околу колабирањето на Македонската пошта, соопшти партијата. Оттука велат дека испраќањето какви било пратки и пакети кон Соединетите Американски Држави (освен обични писма) е речиси невозможно поради блокада. Ова е директен удар врз егзистенцијата на илјадници наши сограѓани, микро-интернет трговци и занаетчии, кои преку малопродажба го вадат својот леб на странските пазари, смета партијата.


„Додека министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс ја посетува речиси секој месец, реалноста ја изложува сета промашеност на оваа вазалска политика – не може да се воспостави ниту основен поштенски сообраќај кон “стратешкиот партнер“.

Сметаме дека се целосно депласирани оправдувањата на неспособните партиски директори околу „американските тарифи“. Како за пример, соседна Србија исто така подлежи на тарифи, но нивните национални пошти непречено функционираат и одржуваат нормален сообраќај со САД. Имено, познато е и дека за пратки назначени како „подарок“, царини и тарифи не важат, а поради сето тоа, граѓаните се принудени оваа услуга да ја бараат во соседните држави, оставајќи ги своите пари таму, наместо во Македонија.

Ова е уште еден доказ дека квази-дипломатијата на Муцунски и Мицкоски служи само за сликање на коктели. Кога треба да се реши реален административен проблем кој го засега обичниот граѓанин во односите со нивниот “стратешки партнер“, институциите се непостечки.

Бараме итна реакција од Министерството за транспорт и од Министерството за надворешни работи и трговија, за што поскоро решавање на овој проблем! Бараме раководството на АД Пошта, кое со месеци игнорира претставки од граѓаните без елементарна упатеност со меѓународни регулативи, да понесе одговорност за свесното оштетување на буџетот и џебот на граѓаните“, се вели во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK