(Видео) Петрушевски: Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци

СДС и Филипче се нервозни, фирма блиска до нив не го добила тендерот за обезбедување, кој до лани го добивала по цена за половина милион поскапо од сега. Филипче ја впрегнал цела партија во штитење на личен профит на поединци, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Филипче целосно се ставија во заштита на приватни бизнис интереси. …

Continue Reading

(Видео) Надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, а пациентите на Онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија“, велат од СДСМ

„Додека надлежните си ја префрлаат топката кој е виновен, пациентите на Клиниката за онкологија седум дена се без потребната биолошка терапија која им е животно потребна. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта“, рече Белкиса Зеќири, Комисија за здравство на СДСМ. „И наместо решенија за пациентите, за граѓаните ја слушаме власта со …

Continue Reading

Хаос на Онкологија, пациентите оставени на цедило, неспособноста на власта на ДПМНЕ буквално убива, велат од СДСМ

„Додека пациентите на Клиниката за онкологија се борат за својот живот, Владата на ДПМНЕ и нејзините неспособни функционери ја покажуваат својата целосна незаинтересираност за здравјето и животите на граѓаните“, велат од СДСМ. „Цела недела Клиниката нема основни лекови за биолошка терапија, а луѓето во критична состојба се принудени сами да бараат начини за спас. Ова е вистинска хуманитарна катастрофа која …

Continue Reading

Брука е што СДС е против купување нов државен авион, по еден погинат претседател и еден претседател врз кој има извршено атентат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, се големи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Сведоци сме дека низ историјата на државата, државните авиони биле користени за потребите на владата за патувања на владиниот врв, со цел да безбедно и без дополнителни трошоци да се …

Continue Reading

СДС не најде за сходно да поздрави ниту една важна средба на премиерот Мицкоски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС антидржавна партија, продолжува да тоне во нивната безидејност и криминал. Поради нивната злоба не можат да го видат, а уште помалку да го поздрават различниот и позитивен пристап на премиерот Мицкоски во водењето и претставувањето на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Премиерот Мицкоски беше единствениот лидер од Балканот во посета на САД и кој учествуваше на инагурацијата на претседателот Доналд …

Continue Reading

Тошковски на средба со австрискиот амбасадор: Ги разгледавме заедничките чекори во борбата со криумчарењето на луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност. Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК една од главните теми на разговор …

Continue Reading

ДУИ: Невиден и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот Ахмети

ДУИ ја изразува својата најдлабока огорченост од „невидениот и нечовечки говор на пратеникот од Влен во Собранието, кој употреби навредлива и неприфатлива реторика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети“. „Овој говор не претставува само деградација на политичката дебата, туку ги потресе чувствата на многу граѓани кои со право вчера ја изразија својата огорченост и одбивност кон ваквото однесување. ДУИ го …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ останува заглавена во криминалот, бараат етнички теми како последен обид политички да преживее тајфата околу Ахмети

Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која, како што велат, пред шест месеци замина на буништето на историјата, повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, како што оценуваат, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети. „Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда …

Continue Reading

Средбите на Мицкоски со високи политички претставници на САД вродуваат со плод, за разлика од оние на СДС каде им затвораа врати пред нос, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Средбите на премиерот Мицкоски со високи политички претставници на САД вродуваат со плод, за разлика од оние на СДС кадешто им затвораа врати пред нос, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ истакнаа дека Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа. „Знаеме дека СДС не можат да сфатат дека се во опозиција и дека …

Continue Reading