(Видео) Манасков: Јаневска создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

На Меѓународниот ден на образованието, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја испраќа пораката, дека образованието не смее да биде заложник на партиски интереси, туку основа за напредок на државата, истакна на прес-конференција, Јованче Манасков, член на Комисијата за образование и наука на СДСМ. За жал, оцени тој, на овој ден кога државите во светот ставаат силен акцент на развојот на образованието, …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, истакнува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на …

Continue Reading

СДСМ: Не е нормално Владата да купува авион, а за лекови на Онкологија да чека донации

Владата ќе купива авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онклогија го бара преку донации. Ова што се случува едноставно не нормално, велат од СДСМ. „Цела недела нема лекови на Онкологија кои се животно потребни. Пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостиг од онколошка терапија, недостаток на здравствен кадар и неприфатливи услови за лекување. Овој хаос …

Continue Reading

Обвинителството да отвори истрага за сите злоупотреби со онколошка терапија, повика ВМРО-ДПМНЕ

Мафијата на смртта која печали милиони на здравјето на граѓаните здравствениот систем го донесе пред колапс. Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, лица заболени од рак и од тоа прави бизнис и дебело профитира. А, од друга страна истите веледрогерии кои ги набават лековите, континуирано добивале и добиваат заштита од политички структури блиски до …

Continue Reading

Нема пари за плати, нема лекови а власта запнала авион за функционери да купува, велат од СДСМ

Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери. Баш му е гајле на Мицкоски за …

Continue Reading

ДУИ: Одлуката за понижување на албанскиот јазик од службен јазик во Законот за заштита на децата е отворен напад врз еднаквоста и Охридскиот договор

Последната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за понижување на статусот на албанскиот јазик од службен јазик во Законот за заштита на децата претставува отворен напад врз еднаквоста и Охридскиот договор, истакнува Бујар Сопа од ДУИ. Овој потег, вели Сопа, не е само дискриминаторски акт кон албанскиот јазик и Албанците, туку и опасен преседан за иднината на меѓуетничката толеранција …

Continue Reading

(Видео) Митева: Донесена е владината програма, ја одразува посветеноста за градење на посилна, потранспарентна и просперитетна Македонија

Марија Митева, владината портпаролка ја презентираше Програмата за работа на Владата за 2025 година, која беше донесена на 45-та владина седница. Економското заживување на земјата е врвен владин приоритет, нагласи Митева како и поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, создавање на квалитетни работни места, …

Continue Reading

Петрушевски: Мицкоски во САД оствари државен успех, ефектот од овие средби допрва ќе се гледа во Македонија

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, даде одговор на новинарско прашање во однос на остварените средби на претседателот Мицкоски во САД. „Претседателот Мицкоски во САД оствари државен успех. Тој е прв премиер на државата кој присуствувал на инаугурација на американски претседател, а воедно  и единствен политичар од Балканот во моментот кој беше во Вашингтон на настанот оваа година. …

Continue Reading

Интензивно се работи на измени на Законот за Судскиот совет и Кривичниот законик, велат од Министерството за правда

Во изминатиот период беа формирани работни групи за изготвување на предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет и предлог измени на Кривичниот законик. За претседател на работната група за изменување и дополнување на Законот за Судски совет именувана е Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Врховен суд на РСМ, информираат од Министерството за првада. „Членови на …

Continue Reading