Aлиу нов министер за здравство


azir-aliu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство.


Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“ беше избран од присутните 95 пратеници, при што 65 гласаа „за“ Алиу, а 15 беа „против“. Тој доаѓа на местото на Арбен Таравари кој ја напушти Владата и коалицијата.

Алиу според неговата биографија е дипломиран електроинженер и доктор по компјутерски науки, кој моментално ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при факултетот во Тетово.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно кажа дека верува дека знаењето на Алиу и неговата енергија ќе донесат нова димензија во менаџирањето на здравствениот систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK