Левица: „Откриен дилот меѓу премиерот и претседателот на Уставниот суд – милионски предмет во фиока во замена за професорско место?“
„Европскиот суд за човекови права – Стразбур, со пресудата „АД Осигурителна полиса против Република Македонија“ од ноември 2025 година одлучи дека нашата држава, како тужена странка, со децении неоправдано и противправно ги привилегира државните неплаќачи – јавни органи, јавни претпријатија и општини со нивните институции, во процесот на извршување на правосилните судски пресуди!“, велат од партијата Левица. „Европскиот суд утврди …
Continue Reading
Македонија со пониски цени од европскиот просек кај струјата и природниот гас за домаќинствата
-
новинар
-
November 12, 2026
-
Вести, Македонија, Политика
-
0 Comments
Споредбата на цените на енергентите покажува дека Македонија има пониски цени од европскиот просек кај електричната енергија и природниот гас за домаќинствата, како и пониски цени на одредени горива во однос на повеќе европски држави. Според Евростат, во првата половина на 2026 година домаќинствата во Македонија плаќале просечно 11,68 евроценти за киловат-час електрична енергија, наспроти 28,32 евроценти во ЕУ. Кај …
Continue Reading
Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски
Дали СДСМ некаде ширеше паника? Да, но не кај граѓаните, туку кај Мицкоски и кај криминалната банда која е опкружена околу него, изјави денеска секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, обвинувајќи го премиерот Христијан Мицкоски дека врши притисок врз опозицијата поради случајот со Алта банка. На прес-конференција, Жерновски тврдеше дека Мицкоски му наредил на гувернерот Трајко Славески да …
Continue Reading
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа во ЕУ, Филипче свесно манипулира со случајот, ЈО да поведе постапка
Алта банка немала забрана за работа во Европската Унија, а македонските институции немале основа да го спречат нејзиниот влез во земјава, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. На денешната прес-конференција тој посочи дека банката поседувала удел во австриската Адико банка и имала договор за соработка со Рајфајзен банка, обвинувајќи ги СДСМ и Венко Филипче дека шират невистини и ја манипулираат …
Continue Reading
(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против Славески за Алта банка
СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески за Алта банка и бараме Обвинителството веднаш да постапи, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ. Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал… Нема …
Continue Reading
СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, извести Филипче
„Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ… Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси. Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. …
Continue Reading
Левица: Нова рунда измени – ДПМНЕ го претвора законот за градење во перална за градежни пропусти – прво гради, потоа државата ќе ти ги испегла документите
„Дали Законот за градење се менува за да ги заштити граѓаните или за да ги извлече од административен ќор-сокак оние што веќе граделе, менувале проекти и добивале дозволи по поинакви правила? Ова е суштинското прашање што го отвора новиот предлог на министерот Александар Николоски, со кој Владата на ДПМНЕ бара од Собранието, по скратена постапка, да изгласа низа исклучоци за …
Continue Reading
ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило – добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот
„Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека ‘случајно’ избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната …
Continue Reading
„ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор“, велат од Левица
„Во држава со досие на масовно прислушување, ДПМНЕ повторно посегнува по една од најчувствителните институционални брани против злоупотребата на државната моќ. Наместо независен надзор над тајните служби, владејачката партија го претвора Советот за граѓански надзор во уште еден полигон за политичко влијание, каде што партиските релации очигледно тежат повеќе од стручноста и независноста“, велат од партијата Левица. „На предлог на …
Continue Reading