Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: „Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни“


arben-fetai-mickoski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека следната недела ќе има средба со вицепремиерот, Арбен Фетаи, за кој многу медиуми пишуваат дека не се појавува на работа. Мицкоски не одговори дали Фетаи доаѓа на работа и зема плата, но потврди дека тој уште е вработен во Владата.


„Вицепремиерот Арбен Фетаи и јас следната недела ќе имаме состанок. После тој состанок многу работи ќе бидат појасни. Официјално тој е потпретседател на Владата за добро владење“, кусо одговори Мицкоски на новинарско прашање дали Фетаи доаѓа на работа и дали зема плата.

На официјалната страница на „Фејсбук“ на Фетаи, последните активности се од крајот на февруари. Од тогаш нема нова објава од работни активности на вицепремиерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK