СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра, министерката Кочовска бега од одговори

Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега, обвини СДСМ. Од партијата велат дека …

Continue Reading

Тошковски: Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ

Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и …

Continue Reading

(Видео) Ѓорѓиев: За свлечиштето во Центар одговорност мора да сноси и Горан Герасимовски

За свлечиштето на градилиште во Центар што се случи во понеделникот на улицата „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, одговорност мора да сноси и Горан Герасимовски, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ. Според него хаосот кој деновиве се случува во општина Центар е последица на неодговорното работење на СДСМ и Герасимовски и на тоа што се расфрлале со одобренија за …

Continue Reading

Трајчулевски: Во ВМРО има две струи – едната е за избори следната година, а другата е за октомври

Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. „Почитуван министер за надворешни работи, во кулоарите …

Continue Reading

Марков: ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати и го подобрува здравствениот систем

На денешната собраниска седница за пратенички прашања се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков кој постави три прашања од кои првите две беа упатени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и едното до министерот за здравство, Азир Алиу, кои се однесуваа на динамиката и напредокот на реформската агенда, мерките за контрола на цените за горивата и на инвестициите …

Continue Reading

Костадинов со критики до СДСМ поради предлог за промена на пол кај малолетници, партијата му одговори дека законот е од 2023 и е повлечен

Нова политичка дебата се отвори во јавноста откако поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, преку статус на социјалните мрежи рече дека Законот за матична евиденција предвидувал промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите. Тој повика на консолидација и порача дека огромното мнозинство во партијата овојпат мора да биде на иста страна и да не дозволи …

Continue Reading

Мицкоски од Собранието: Нема дополнителни зголемувања на платите на судиите без јасни резултати во правдата

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни …

Continue Reading

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2 проценти

Олга Лозановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање е по однос на обезбедувањето на новото задолжување од страна на Владата и Собранието. „Дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ?“, праша Лозановска. …

Continue Reading

(Видео) Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови задолжувања и неплатени обврски кон стопанството и предупреди дека ваквата фискална траекторија, заедно со дефицит кој веќе го надминува законски утврдениот праг и достигнува околу 3,5% …

Continue Reading