Костадинов со критики до СДСМ поради предлог за промена на пол кај малолетници, партијата му одговори дека законот е од 2023 и е повлечен


kostadinov-strumica.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова политичка дебата се отвори во јавноста откако поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, преку статус на социјалните мрежи рече дека Законот за матична евиденција предвидувал промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите.


Тој повика на консолидација и порача дека огромното мнозинство во партијата овојпат мора да биде на иста страна и да не дозволи ваквите решенија да поминат, со цел СДСМ да се подигне како државотворна и прогресивна партија.

На ваквиот став експресно реагираа од матичната партија СДСМ, од каде што порачаа дека немаат време за дефокус и демантираа дека ова е дел од нивните тековни планови. Од СДСМ појаснија дека законот за кој зборува Костадинов е од 2023 година и дека тој закон веќе бил повлечен, нагласувајќи дека истиот нема никаква врска со нивната нова програмска платформа.

Во дебатата се вклучи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од каде што обвинија дека опозициската партија е фатена на дело. Според ВМРО-ДПМНЕ, со самата своја реакција СДСМ потврдила дека имала во план да дозволи промена на пол на малолетни деца без дозвола од родителите, но дека тој проект бил стопиран поради реакциите на јавноста и нивната партија. Од владејачката партија додадоа дека СДСМ повторно е во кавга со свој поранешен градоначалник и порачаа дека и денес, како и претходно, остануваат против ваквите егзибиции во законодавството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK