(Видео) Наумоски: До вистинска правда преку нов закон, ветинг за функционери и конфискација на нелегален имот

„Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема. Затоа борбата против …

Continue Reading

Мицкоски во работна посета во Истанбул

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде ќе учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во состав на владината делегација ќе бидат и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик-претседателот на Владата и министер за …

Continue Reading

ДУИ: 𝟥,𝟧 милиони евра тендери за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

„Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир. Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот …

Continue Reading

„Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за …

Continue Reading

„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото“, велат од СДСМ

„Додека Мицкоски и ВМРО го штитат Трипуновски и сточарството во Македонија тоне во криза. Откупната цена на млекото е намалена, откупот на млеко е несигурен, а субвенциите не се исплатени. Се намалува откупната цена на млекото во време кога се зголемуваат цените на млекото во маркетите. Тоа значи дека некој дебело профитира на грбот на сточарите во Македонија“, велат од …

Continue Reading

Со изборот на Катерина Зајковска за нов член на ДКСК, продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања, велат од Левица

Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, реагираат од Левица. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, според Левица, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка …

Continue Reading

„Вреди“: Двегодишниот извештај на Собранието ја потврдува посветеноста на промените и развојот

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, Законот …

Continue Reading

(Видео) Дамевски: Бараме навремена исплата на субвенции и редовна комуникација со земјоделците во Пелагонија

„Пелагонија отсекогаш важела за главна житница на Македонија, а Општина Могила е срцето и столбот на истата. Никогаш не било вака, на средината на месец јуни да нема сѐ уште субвенции за тутун. Оваа година и намалени, ги нема“, вели во изјава за медиумите советникот во Советот на Општина Могила од ЛДП, Илче Дамевски. Особено загрижува фактот дека од година …

Continue Reading

Реакција на Центар за граѓански комуникации на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Центар за граѓански комуникации реагира на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. „Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето. Најнапред, во истражувањето во ниту …

Continue Reading