„Катаклизма е комплимент за тоа што вие го оставивте како влада во енергетскиот сектор“, му кажа Мицкоски на Филипче
„Ќе ве потсетам, август месец 2017 година нула долгови, 25 милиони евра депозити, милијарда ипол денари и некаде околу 380 милиони денари на сметка на тогашната АД ЕЛЕМ и нула долгови, исплатени плати, отприлика дата на пресек 7-8 август 2017. Во 2024-та, август месец 7% состојба на акумулации на електрична енергија, нула откривка во РЕК Битола нула откриен јаглен, на …
Continue Reading
Мицкоски: Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна …
Continue Reading
(Видео) Дали Венко кој има златна виза за Дубаи е партнер на Заев во градење на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски
„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ долго …
Continue Reading
„За сала од 50 илјади евра, Таравари потроши 750 илјади евра народни пари“, велат од „Влен“
„Вистината, кога е документирана, станува неповратна. Денес, фактите зборуваат погласно од која било пропаганда и од кој било обид да се скрие зад празни зборови. Во Гостивар е извршена една од најсериозните финансиски злоупотреби што локалната самоуправа во Северна Македонија некогаш ги видела. Сала на општинскиот совет, која технички и функционално можеше да се изгради со максимална цена од 50 …
Continue Reading
„Заев не е политички активен веќе 5 години, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно ни се обраќаат со прашања за слободен граѓанин на Македонија“, прашува СДСМ
„ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка). Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме. Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно со Венко Филипче поседувал и станови во тој град. Во соопштението се наведува дека тврдењата ги изнел Томе Аврамски, кој се претставува како познаник и поранешен соработник на Заев. Според партијата, Аврамски изјавил дека лично бил во Дубаи …
Continue Reading
СДСМ обвини за политички прогон и дефокус со кривични пријави
Од СДСМ денеска обвинија дека поднесувањето кривични пријави претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста, од СДСМ посочуваат дека, според нив, секогаш кога владејачката партија е „фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или резолуции против слободата на говор“, се користат методи за одвлекување на вниманието преку лажни …
Continue Reading
Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата
Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски прашања. Новите министри доаѓаат на местата на Изет Меџити и претходно разрешениот Орхан Муртезани. Образложувајќи ги предлозите пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека изборот е направен со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата …
Continue Reading
Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе …
Continue Reading