„Само Филипче и СДС сакаат уставни измени, 80% од граѓаните се на ставот за достоинствен евроинтегративен пат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ


venko-filipce-32-kongres-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


„Со ова, Филипче и СДС покажаа уште еднаш дека за нив, важно е само да се биде на власт, па дури и тоа да им се оствари преку нови национални предавства и обезличувања на Македонија.

Граѓаните препознаваат дека секогаш приватниот интерес за СДС е поважен од државниот. Тоа го потврдија неколкупати на избори, а бројките велат дека над 80% граѓани не смеетат дека барањата на Бугарија за внесување на Бугари во Устав не треба да се прифатат.

Единствен кој ова го поддржува е Филипче. Зошто Филипче продолжува да инсистира да се случат овие измени?

Ставот на Бугарија околу ова прашање е цврст, јасен и не е променет.

Ставот на македонскиот народ е исто така јасен. Граѓаните не сакаат Македонија да биде во ЕУ по секоја цена. Јавното мислење околу ова се сведува на Македонија во ЕУ, да, но со достоинство, интегритет и идентитет.

Македонија заслужува да има достоинствен евроинтегративен пат, а не редефинирана историја и ново национално предавство за да може Филипче и неговиот најтесен круг повторно да се богатат на грбот на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK