ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не се последното, туку првото во низата барања што Бугарија сака да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот би значело нови условувања, притисоци и предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат СДСМ и ДУИ дека со своите политики ја довеле државата во подредена позиција и создале простор за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026 година
Младите остануваат во фокусот на политиките на Владата, а за 2026 година се обезбедени речиси 40 милиони евра за мерки за вработување кои треба да опфатат повеќе од 10.000 граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, преку Оперативниот план за вработување во 2025 година биле опфатени над 2.600 лица, од кои речиси 1.500 млади до 29 години, а биле отворени и близу …
Continue Reading
Министерство за правда: Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за …
Continue Reading
„Вреди“: 29 проценти Албанци на хартија, само 13 проценти на работното место
Газменд Алиу од „Вреди“ денеска на прес-конференција зборуваше за како што рече, сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Алиу посочи дека со години на граѓаните им се тврдело дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност …
Continue Reading
(Видео) Костадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди, информира на прес-конференција Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка на СДСМ. Овој закон, како што рече, предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. „Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена …
Continue Reading
Мицкоски: Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија, држава која има јасна визија за иднината
Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во своето обраќање, како што објави на социјалните мрежи, истакнал дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи, вели Мицкоски претставуваат цврста основа …
Continue Reading
(Видео) Жерновски: Пари нема, резултати нема, затоа Мицкоски брза на избори
Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше, кажа Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче
Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, вели Петрушевски, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на …
Continue Reading
СДС и Филипче ги лажеа граѓаните за нов Клинички центар а оставија хаос и го уништија здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата на власт, Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен …
Continue Reading