Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Oд Министерството за правда образложија дека предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за …

Continue Reading

Тошковски: Претседателот на младината на Левица беше уапсен затоа што на 14 и 16 годишни деца им се обраќал со зборот ,,убијци“, а не затоа што веел знаме

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот ,,убијци’’. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста. ,,Не …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Дупката во ПИОМ е 40 отсто, власта ги загрозува пензиите на стотици илјади граѓани

Како што буџетот тоне, така очигледно дека и пензискиот фонд е ставен во ризик, откако дојде оваа власт дупката повторно се зголемува и сега надминува 40%, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче посочи дека за време на владите предводени од СДСМ дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување бил значително намален, додека сега повторно …

Continue Reading

Мицкоски: Националниот центар за вештачка интелигенција е инвестиција во иднината

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека проектот „Везилка“ претставува инвестиција во иднината и значаен чекор кон развој на науката, иновациите и конкурентноста на македонската економија. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Националниот центар за вештачка интелигенција ќе создаде нови можности за научниците, истражувачите, студентите и компаниите, како и услови за поврзување на науката и стопанството. Тој посочи дека развојот на вештачката …

Continue Reading

Македонија бара објаснување од Софија за протечениот документ за семејството на премиерот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја повикало на разговор бугарската амбасада во Скопје и побарало објаснување за објавувањето на дипломатска нота поврзана со приватно патување на членовите на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, соопшти денеска министерот Тимчо Муцунски. Тој информираше дека до бугарскиот амбасадор бил изразен висок степен на незадоволство поради објавувањето на документот, но дека досега не …

Continue Reading

Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и …

Continue Reading

На дневен ред во Собрание интерпелацијата за Тошковски

Денес на дневен ред на собраниска седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица. Интерпелацијата е образложена преку 17 точки, систематизирани во шест тематски области, кои се однесуваат на работата на Министерството за внатрешни работи и на одговорноста на министерот Тошковски. Меѓу клучните забелешки се наведуваат саботирање на истраги и несоработка со …

Continue Reading

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до опозицијата дека реформите во правосудството нема да бидат заложник на политички опструкции и дневнополитички пресметки. „Јас секако можам да ве оставам да ме навредувате затоа што го сметам за одраз на политичка фрустрација, немоќ и одраз на домашно воспитување. Но, …

Continue Reading

Минчев: Нема модерна Македонија без модерна јавна администрација, реформите носат професионални институции и резултати

На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, …

Continue Reading