Тошковски: Претседателот на младината на Левица беше уапсен затоа што на 14 и 16 годишни деца им се обраќал со зборот ,,убијци“, а не затоа што веел знаме


toshkovski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната собраниска седница обзнани факт за апсењето на претседателот на младината на политичката партија Левица, и дека не бил уапсен затоа што веел знаме на туѓа земја, туку затоа што на малолетни лица им се обраќал со зборот ,,убијци’’. Тој кажа дека ова е факт кој досега не бил изнесен во јавноста.


,,Не е точно дека е уапсен претседателот на младината на Левица, заради тоа што веел некакво знаме. Претседателот на младината на Левица е уапсен е заради тоа што на дечиња од 14 и 16 години, кои што играле фудбалска утакмица, им се обраќал со зборот ,,убијци“, рече Тошковски и додаде:

,,Вашиот претседател на младина им се обратил со зборовите убијци, на фудбалски натпревар. И сега што треба направи полицијата? Фризурата да му ја направи? Или требало да го отстрани од стадионот на којшто присуствувал и се однесувал така како што се однесувал“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK