На дневен ред во Собрание интерпелацијата за Тошковски


pance-t.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес на дневен ред на собраниска седница е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица. Интерпелацијата е образложена преку 17 точки, систематизирани во шест тематски области, кои се однесуваат на работата на Министерството за внатрешни работи и на одговорноста на министерот Тошковски.


Меѓу клучните забелешки се наведуваат саботирање на истраги и несоработка со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, непостапување во случаи од висок јавен интерес, како и пропусти во откривањето и процесуирањето на сериозни облици на криминал и корупција.

„Во интерпелацијата се посочува и селективно постапување на полицијата и применување двојни стандарди, при што се нотираат случаи во кои институциите различно реагирале во зависност од политичката или етничката припадност на сторителите“, велат од Левица.

Партијата го обвинува министерот и за партизација на Министерството за внатрешни работи, претворајќи ја полицијата, како што велат, во инструмент за заштита на партиски интереси наместо во професионална и непристрасна институција во служба на граѓаните.

„Дополнително, во интерпелацијата се наведуваат сериозни пропусти во работењето на полицијата поврзани со трагедијата во Кочани, како и непостапување во случаи на семејно насилство, фемицид, врсничко насилство, говор на омраза и други кривични дела кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Посебен дел од интерпелацијата се однесува на сомнежи за судир на интереси, адвокатско-тужбени шеми од периодот пред стапувањето на функцијата министер, како и сомнителни тендерски постапки и поврзаност со фирми за кои постојат индиции за незаконско работење. Пратеничката група на Левица смета дека наталожените скандали, институционалните пропусти и континуираното нарушување на законитоста во работењето на Министерството за внатрешни работи претставуваат доволна основа за утврдување политичка одговорност на министерот Панче Тошковски“, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK