„Граѓаните жестоко ги казнија политиките на Филипче под менторство на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонските граѓани направија вистински избор, во локалните самоуправи избраа трудољубиви и чесни лица кои посветено ќе работат за подобрување на животот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа не е вистинскиот избор само кој да ги води општините, туку тоа е вистинскиот избор за Македонија да почне да ги гради темелите кои се рушеа за седумгодишното владеење на СДС. Граѓаните ги препознаа …
Continue Reading
Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер
Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир. За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува. Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, …
Continue Reading
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“. На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, …
Continue Reading
Ќе работиме со транспарентност: Меџити го презеде мандатот како градоначалник на Чаир
Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат. Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори. „Од денес се враќам во моето место, меѓу …
Continue Reading
„Вреди“ е втора политичка сила, локалните избори запечатија нова политичка реалност во Македонија, велат од коалицијата
„Локалните избори запечатија нова политичка реалност во Северна Македонија. Коалицијата „Вреди“ излегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор. Резултатите се јасни, но пораката на граѓаните е уште појасна. Ерата на старата политика е завршена. На овие избори, граѓаните гласаа за работа, за одговорност и за …
Continue Reading
Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. …
Continue Reading
Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу
Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе го имавме резултатот што сега го имаме на локалните избори. Вака актуелниот министер за здравство од коалицијата „Вреди“ гледа на изборните резултати, а на прашањето дали ќе остане министер одговара дека секој ден работи како да не му е грижа …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: СДС е трета партија на политичката сцена во Македонија, дебакл на политиките на Филипче и Заев
Македонија направи вистински избор на локалните избори, граѓаните ги препознаа чесните и искрените намери на ВМРО-ДПМНЕ да ја изгради државата повторно од темелите на промените, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Освојувајќи 54 општини на територија на Република Македонија и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Историски промени и победи имаме …
Continue Reading
„Неколкуте оставки во СДС не се доволни кога проблемот лежи во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„ВМРО-ДПМНЕ оствари историска победа на овие локални избори, освојувајќи 54 општини плус градот Скопје. Владината коалиција покажа дека е стабилна и легитимна, обезбедувајќи вкупно 66 општини од 81, што претставува доверба од граѓаните за нов почеток и вистински промени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Симболиката на оваа победа најсилно се гледа во Кичево, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, доби поддршка од сите етнички …
Continue Reading