СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оцени дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал изборно цунами на локалните избори и дека партијата, под водство на Венко Филипче и под, како што велат, менторство на Зоран Заев, е на праг да биде избришана од политичката сцена во државата. Според соопштението, СДСМ – партијата кога важела за најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е трета партија на државно …

Continue Reading

„Влен“: Ја симнавме маската на оние што со години го сметаа албанскиот глас за своја лична сопственост

„Албанците не паднаа во замката на „референдумот“ што ДУИ/НАИ, со Ахмети, Таравари и Села, се обидоа да го продават како некакo политички спас. Таа манипулативна кампања, изградена врз лаги и лажен патриотизам, се урна пред волјата на Албанците кои јасно го кажаа својот збор. Со освоени десет општини, ВЛЕН им го одзеде алибито и им ја симна маската на оние …

Continue Reading

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор е виновникот заради чие предавство и прифаќање на штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која …

Continue Reading

Филипче: Реформите не зависат од уставните измени и мора да се спроведуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека институционалните реформи се суштинска обврска што мора да се спроведе без разлика на политичките пречки и неизвесноста околу уставните измени. Според него, државата не може да си дозволи застој на реформскиот процес поради недостиг на политички договори или дневнопартиски калкулации. „Кажавме уште лани дека ја поддржуваме владата да најде добро решение и гаранција …

Continue Reading

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една ипол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата, нагласувајќи дека е најлошиот извештај којшто Македонија го добила во изминатите десетина години. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни испрати …

Continue Reading

Бојан Бојкоски нов претседател на Советот на Општина Битола

На денешната конститутивна седница беше усвоен новиот состав на Советот на Општина Битола. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Со седницата претседаваше највозрасниот член на Советот, Јагода Талевска од движењето ЗНАМ. На конститутивната седница присуствуваа и гости од збратимената општина Стари Град – Белград, Република Србија. Во своето обраќање пред новиот советнички состав, градоначалникот Тони Коњановски …

Continue Reading

Светлана Колариќ претседателка на Советот на Општина Кисела Вода

Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кисела Вода, на која беа верификувани мандатите на новоизбраните 27 советници. За претседателка на Советот е избрана Светлана Колариќ. Во своето обраќање, Колариќ истакна дека изборот ја обврзува уште посилно да работи во интерес на граѓаните и да го унапреди демократскиот дијалог во рамки на Советот. „За мене …

Continue Reading

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржан во неделата, на 2 ноември. Хаким Рамадани кој беше поддржан од коалицијата Влен за градоначалник на Брвеница, поднел приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2034, …

Continue Reading

„Влен“: Ако за ДУИ промената значи само смена на координаторот Беџети, тогаш го запечати својот политички крај

Движењето ВЛЕН во соопштение оцени дека дебаклот бил јасен како ден и дека ДУИ е избришана од политичката карта. „Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега …

Continue Reading