Мицкоски: Пораката до големите ланци на супер маркети ми беше дека ја претераа со цените, ќе следуваат мерки


market-depositphotos_442179418_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во отвореното студио на Македонската телевизија каде што гостуваше претседателот на владата, Христијан Мицкоски испрати јасна и недвосмислена порака до ланците на супермаркети во државава. Тој на новинарско прашање истакна дека на состанокот одржан во владата со ланците на супер маркети во државата им посочил дека претераа со зголемувањето на цените и дека наредниот период ќе следат мерки.


Имавме со маркетите и трговците долг и би рекол искрен разговор и на тој состанок дефиниравме една цел. Се сложувам со вас дека претераа и тоа беше и мојата порака и ценам дека искрен беше дијалогот. Таков состанок треба да направиме и со производителите и дистрибутерите и потоа треба еден заеднички. Затоа што и едната и другата страна имаат свои аргументи.

Претседателот на владата, Мицкоски нагласи дека и сопствениците на маркетите имаат аргументи зошто мора да ги покачат цените и дистрибутерите и производителите имаат свои аргументи зошто да ги покачат цените, но на крајот на тој состанок се договориле за една заедничка цел.

И сега ние што зацртавме. Ако да речеме храната од први до петти месец ни пораснала за 5.4%, инаку во 2022 година храната пораснала за 21.5% кога беше кризата. Зацртавме цел во јули месец храната да биде под 3%. За да се постигне оваа цел има одредени услови. Тие услови се, каде што во еден или два закони да се направи измена, која ќе треба заеднички да ја усогласиме со дистрибутерите и со производителите и мислам дека ќе најдеме заедничко тло. Но тоа треба да ни биде заедничка цел, цената на храната да не биде зголемена над 3% на годишно ниво, За ова постоеше општ консензус, и резултат од 2.9% го сметаме за голем успех. Јас мислам и тоа дека ќе го постигнеме, заклучи претседателот на владата Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK