Османи: Албанците отсекогаш биле двигател на евроатлантската ориентација на земјата, ВЛЕН не направи ниту еден чекор кон ЕУ
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за европски прашања, Бујар Османи, го обвини ВЛЕН дека не направило ниту еден чекор кон Европската Унија и дека ги понижило Албанците во земјата. „Во рамките на серијалот ‘Две години понижување – ВЛЕН ништо’, денес ќе зборуваме за можеби најголемиот неуспех на ВЛЕН: неуспехот на европската идеја и начинот на кој тој неуспех им …
Continue Reading
Левица: Зголемувањето на буџетскиот дефицит отвора сериозни економски и политички прашања
Левица оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот ја потврдува, како што наведуваат од партијата, погрешната економска политика на Владата и предупреди дека зголемувањето на буџетскиот дефицит се прави без јасен план за долгорочните ефекти врз економијата. Од партијата наведуваат дека Владата не понудила конкретни анализи, мерливи цели и гаранции дека новото задолжување ќе придонесе за економски раст и подобрување на …
Continue Reading
ГРОМ: Владата не смее да посегне по средствата од вториот пензиски столб
Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) се спротивстави на, како што наведува, заложбите за укинување на вториот пензиски столб и префрлање на средствата во првиот пензиски фонд, оценувајќи дека таков потег би го загрозил долгорочниот пензиски систем. Од партијата посочуваат дека вториот пензиски столб е воспоставен врз основа на анализи на ММФ и Светската банка, со цел да се обезбеди долгорочна …
Continue Reading
ВЛЕН: За две години реализиравме реформи што со години беа само ветувања
ВЛЕН одбележа 24 месеци владеење под мотото „Транспарентност и отчетност“. „Пред две години, ВЛЕН презеде голема одговорност: да ја врати довербата на граѓаните во политиката што работи. Не со зборови и бескрајни оправдувања, туку со одлуки што се спроведуваат, проекти што се реализираат и резултати што го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Во текот на овие 24 месеци се реализирани …
Continue Reading
„Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – „ЗНАМ 2.0“
Oд СДСМ утрово тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски работи на формирање на нов политички проект, кој го нарекуваат „ЗНАМ 2.0“, со цел, како што тврдат, да ги разбие опозициските гласови на следните избори. Од партијата наведуваат дека „ЗНАМ“ се распаѓа и дека, според нив, веќе нема значајна поддршка кај граѓаните. Во соопштението се тврди дека последните двајца функционери во партијата, …
Continue Reading
Димитриевски: СДСМ е партија во политички стечај, ликвидатор е Венко Филипче
Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, остро реагираше на новите обвинувања од СДСМ, оценувајќи дека раководството на опозициската партија повторно се обидува сопствените политички неуспеси и загубената доверба кај граѓаните да ги префрли врз други политички субјекти. Според него, СДСМ наместо да се соочи со причините за падот на поддршката, континуирано бара виновници надвор од сопствените редови. „Раководството на таа …
Continue Reading
Влен ќе раководи со шест министерства по владината реконструкција
Со шест министерства – за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, ќе раководи Вреди по владината реконструкција. Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет. Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште …
Continue Reading
(Видео) Николоски: Од Скопје до Атина за 3 до 3,5 часа со новиот автопат
Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. – На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој – додава Николоски. Тој истакнува дека со овој …
Continue Reading