ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за бугарските провокации и не ги брани македонските национални интереси


venko-filipce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, со месеци се обидува да изгради јавна слика заснована на европски вредности, но само кога, како што велат, тие можат да се искористат за критика на сопствената држава.


Според владејачката партија, тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарските провокации и постапките што, како што наведуваат, директно ги засегаат македонските национални интереси.

„Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација што ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја. Тој го премолчи и овој дипломатски скандал со Бугарија, со кој беше направен дипломатски преседан, при што беа објавени документи со безбедносни информации поврзани со претседателот на Владата“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче бил дел од, како што велат, структурата на СДС која ги нарушила македонските национални интереси, доведувајќи ги во прашање идентитетот, јазикот и историјата.

Во партиското соопштение се оценува дека граѓаните веќе ја дале својата оценка за таквите политики на изборите и се тврди дека Филипче политичката поддршка ја бара надвор од државата.

„Граѓаните очекуваат секој што претендира да ја води државата да ги брани државните интереси. Нема да дадат поддршка на Венко Филипче, кој би го продал идентитетот, би ја редефинирал македонската историја и ги брани бугарските позиции само за да дојде на власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK