(Видео) Мицкоски ги соопшти имињата на новите министри
Премиерот, Христијан Мицкоски, вечерва ги соопшти новите министри во рамки на владината реконсрукција. Тој кажа дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза по изминати две години од работата на оваа влада. Најави дека следи период во кој фокусот ќе биде уште повеќе ставен на ефиканоста и динамиката и постигнување ефикасни резултати, нова енергија за ново забрзување. ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со Министерството …
Continue Reading
Борче Серафимовски во земјоделство, Минчев останува министер за јавна администрација, соопшти Димитриевски
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на денешната прес – конференција соопшти дека ЗНАМ во Владата ќе раководи со Министерството за јавна администрација и со Министерството за земјоделие, а ќе добие и уште еден заменик министер во едно влијателно министерство. Министерството за јавна администрација ќе продолжи да го води досегашниот министер Горан Минчев, а со Министерството за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги добие здравство и социјала и демографија, а ВРЕДИ министерствата за правда и за култура
Со реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства, здравство и социјала и демографија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија. Тој вечерва ќе ги образложи предлозите пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите …
Continue Reading
ВЛЕН: Крај за казината покрај училиштата, следна цел се брзите кредити
Со новиот Закон за игрите на среќа, казината и објектите за игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, соопшти ВЛЕН. Портпаролот Мухамед Муртези изјави дека ова било едно од клучните предизборни ветувања на коалицијата, додавајќи дека новите законски измени имаат цел да ги заштитат децата, младите и семејствата. Според проценките на …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски манипулира, дефектолозите не му се во програмата, туку станува збор за вработување партиски војници
Герасимовски да не манипулира, дефектолозите што ги зборува не му се во програмата, туку станува збор за вработување партиски војници, порача ВМРО-ДПМНЕ откако градоначалникот на Центар објави дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта. Од владејачката партија велат дека Герасимовски и СДСМ си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите …
Continue Reading
Уставниот суд под водство на Дарко Костадиновски се подготвува да ја зацементира цензурата врз Левица, велат од оваа партија
Откако со месеци ја чуваше во фиока иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76 од Изборниот законик, Уставниот суд конечно најави дека предметот ќе се разгледува на 8 јули. Наместо да биде гарант на уставноста и еднаквоста, сѐ поизвесно е дека Уставниот суд, предводен од Дарко Костадиновски, се подготвува да ја легализира и зацементира институционалната дискриминација и …
Continue Reading
Дурмиши вели дека ќе треба еден месец за анализата на цените на храната, операција која лично Мицкоски ја води
Сложената и детална операција за анализа на цените на 600-700 прехранбени продукти министерот за економија, Бесар Дурмиши, денес давајќи отчет за сработеното изминативе две години, претпостави дека ќе трае еден месец. И тој, исто како премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека ќе се проверуваат фактурите ена по една за да се утврди каде може државата да интервенира за да се намалат …
Continue Reading
Герасимовски: Срамота е што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагира откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите …
Continue Reading
(Видео) Вишинска: СДС во Центар крати пари од проекти, за да враќа долгови на Жерновски
Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека не е важно кој од СДС ја води Општина Центар, Општина Центар, како што појасни, крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар. Според неа, додека центарци очекуваат повеќе …
Continue Reading