Сложената и детална операција за анализа на цените на 600-700 прехранбени продукти министерот за економија, Бесар Дурмиши, денес давајќи отчет за сработеното изминативе две години, претпостави дека ќе трае еден месец. И тој, исто како премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека ќе се проверуваат фактурите ена по една за да се утврди каде може државата да интервенира за да се намалат цените на основните прехранбени производи.
„Ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена. Зависи од работата на Пазарната инспекција, но претпоставувам дека за еден месец ќе биде завршена. За поконкретно треба да видиме, откога ќе почнат тие контроли, колкав е обемот на работа за контрола на една или две фактури па на крај да ја известиме јавноста кој е тој датум или колку време ќе треба за контрола“, рече денес министерот Дурмиши.
За истата анализа вчера премиерот Христијан Мицкоски кажа дека е негов врвен приоритет, дела лично тој ја води и многу скоро очекува резултати.