Исмаил: За Изборниот законик немаше консензус – во последен момент е вметнат член што предвидува казни до 8.000 евра за објави на социјалните мрежи
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот …
Continue Reading
(Видео) „СДС и Левица во коалиција за блокада на Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучи алармот“, вели Манасиевски
„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски …
Continue Reading
(Видео) Сред лето не работат хируршките сали, власта го става во ризик здравјето на граѓаните, вели Младеновска
За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Со „Безбеден град“ 40 проценти помалку жртви во сообраќајот
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните. Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За имплементацијата на системот, потсетуваат од …
Continue Reading
Театарот е ист, глумците се исти, во тендер-коалицијата ништо не се менува: СДСМ за владината рекострукција
Најавената реконструкција на Владата на Мицкоски е само замена на Курто со Мурто и ништо повеќе, оценуваат од СДСМ. Според нив, замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт. По две години владеење, потсетуваат од партијата, Владата на Христијан Мицкоски не испорача ниту економски …
Continue Reading
„Вреди“: Требаше Али Ахмети да замине во опозиција, за Зајас да дознае зошто остана без канализација
Има една иронија што не може да се сокрие. Во 24 години власт, Али Ахмети не успеа да обезбеди канализација ниту за своето родно место, Зајас. Имаше власт, министри, директори, општини и милиони евра на располагање. Канализација немаше, истакнуваат од „Вреди“. „Денес, кога документите излегуваат на виделина, станува појасно и зошто. Секој нов факт што излегува во јавноста сè повеќе …
Continue Reading
Мицкоски и неговите „успеси“ кога пропагандата се судира со реалноста, велат од СДСМ
Христијан Мицкоски вчера тврди дека опозицијата го блокира Изборниот законик затоа што е „уплашена од успесите на Владата“. Изгледа дека почна да верува на сопствените лаги, велат од СДСМ. „Ќе му одговориме со факти, а не со пропаганда. Прво, Европскиот парламент во јунскиот извештај за 2026 година не ја става Македонија меѓу најдобрите во регионот. Напротив – изразува жалост поради …
Continue Reading
Мицкоски: Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, СДСМ имаат шанса и суштински да бидат за европска иднина на Македонија
Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри. Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади, …
Continue Reading
(Видео) Крмов: Коалицијата повторно проработи, ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура
Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, на денешната пленарна седница реагираше на начинот на кој се носи Изборен законик, обвинувајќи дека јавноста е доведена во заблуда со тврдењата дека за текстот бил постигнат широк политички консензус. Крмов истакна дека седницата е свикана спротивно на Деловникот на Собранието, кој предвидува пратениците да ги добијат материјалите најмалку десет работни дена …
Continue Reading