Мицкоски сака да се врати на факултет? Прво ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија, порачуваат од СДСМ
Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет. Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно …
Continue Reading
Сотир Лукровски се врати на работа: „Изминатиот период за мене беше големо искушение“
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој неколку месеци не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение. „Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни. Изминатиот период …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски во Кисела Вода „открива“ проекти финансирани од унгарскиот кредит – а парите исчезнаа
„Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари“, велат од СДСМ. …
Continue Reading
Левица бара итно да се увезе лекот еритропоетин и одговорност од министерот Алиу и директорите на ФЗОМ и МАЛМЕД
Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради жалбите на пациенти со трансплантиран бубрег и пациенти на дијализа дека во здравствениот систем постои недостиг од еритропоетинска терапија (EPO), вклучително и препаратите Recormon и други еквивалентни лекови, кои претставуваат незаменлив дел од третманот за контрола на анемијата кај пациентите со хронични бубрежни заболувања. „Лекот веќе извесен период не е достапен во здравствените …
Continue Reading
СДСМ: Странските инвестиции паднаа за 61%, потрошувачката кошничка поскапе за 10.000 денари
Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“, велат од СДСМ. „Фактите се непобитни: Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од …
Continue Reading
Новиот владин состав ќе продолжи со засилено темпо да ги реализира започнатите проекти и реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите“, соопштија од партијата. Сашо Клековски ќе …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји
„Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји. Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на Владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од СДСМ. „Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни …
Continue Reading
Марија Митева нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ
Портпаролката на Владата, Марија Митева, вечерва на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е именувана за нова претседателка на Унијата на жени на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Митева вели дека ќе биде претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. „Честа не е во функцијата. Честа е во довербата. Со голема благодарност и одговорност, ја прифатив довербата што ми …
Continue Reading
Три општински комитети, Унијата на млади сили и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ добија нови претседатели
Три општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ вечерва добија нови претседатели, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски. „ОК Кичево добива нов претседател во името на Дејан Пандилевски. Досегашниот претседател на ОК, Лазе Јакимоски, работеше посветено, направи исклучително голема работа, но како заменик министер во Министерството за јавна администрација, останува посветен на своите професионални обврски во рамките на самото министерство“, рече Мицкоски. Нов претседател на …
Continue Reading