Седница на собраниската Комисија за европски прашања, на дневен ред законските измени за коридорите

– Собраниската Комисија за европски прашања вечерва ќе одржи седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д за кои денеска на пленарна седница беше утврдена потребата да се носат по скратена постапка, со европско знаменце. На дневен ред е и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, исто така по скратена постапка. …

Continue Reading

Изгласан Законот за задругите, Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво

Собранието вечерва во рамки на 115. седница го изгласа Законот за задругите и ги избра Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво. Претходно, по целодневна расправа, беше изгласан дневниот ред на 115. седница на која беше утврдена потребата за носење на предлог-измени на пет закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и …

Continue Reading

По целодневна расправа изгласан дневниот ред на 115. седница на Собранието

Собранието, вечерва, по целодневна расправа, го изгласа дневниот ред на 115. седница на која во претпладневниот дел, беше утврдена потребата за носење на предлог-измените на пет закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце. Означувањето на законите со европско знаменце од страна на Владата, ја одбележа целодневната расправа во тек на која пратениците …

Continue Reading

Мартин ја охрабрува Македонија да ги заврши успешно уставните измени

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, Михол Мартин ја охрабрува  Македонија да ги заврши успешно уставните измени, за, како што вели, непречено чекорење кон полноправното членство во Европската Унија. Како што соопшти МНР, по средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Даблин, Мартин истакна дека таква обврска имаше и Ирска пред …

Continue Reading

Тренчевска – Исмаили во Брисел: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19  Вработување и социјална политика, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили. Како што информира Министерството за труд и социјална политика, на средбата се разговараше  за Поглавјето 19 и за тоа …

Continue Reading

Владата усвои Информација за подготовка на билатерален скрининг за Поглавје 19, предложена од СЕП

Владата на денешната 153 седница ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на билатерален скрининг за Поглавје 19, предложена од Секретаријатот за европски прашања: Социјална политика и вработување, од Кластер 3 Конкурентност и инклузивен раст. -Во рамки на билатералниот скрининг за Поглавје 19, што се одржува денеска и утре во Брисел, претставниците на македонските институции ќе ја презентираат домашната законодавна …

Continue Reading

Поддршка од ЕУ за реформи во шумарството, по три децении темелни промени

По 30 години почнуваме длабинска, темелна реформа во шумарството. Овој сектор е исклучително важен зашто преку 55 проценти од вкупната површина на државата се шуми. За нас е многу значајно по неколку децении да преземеме сериозни чекори за навистина да ги зачуваме и заштитиме шумите, да го реформираме целокупниот сектор и да го трасираме неговиот развој согласно ЕУ стандардите, рече …

Continue Reading

Трипуновски: Млекото не може да биде тестирано за бруцелоза, АХВ не склучила договор со лабораторијата на Ветеринарен факултет

Неспособноста на Агенцијата за храна и ветеринарство и „вечниот“ В.Д. директор Николче Бабовски продолжува во континуитет. Повторно и повторно ја демонстрираат својата некадарност во организирање на навремени јавни набавки. Резултат е закочената активност во спроведувањето на редовните мерки согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од страна на ветеринарните друштва. Во ек на најголемите активности, Факултетот за ветеринарна медицина …

Continue Reading

Одлука за потпишување анекс со ЕУ, Коридорот 8 влегува во мрежата главни коридори во регионот и во ЕУ

Владата денеска донесе одлука за потпишување анекс со Европската унија со што ќе се овозможи Коридорот 8 да стане дел од мрежата главни коридори во регионот и во ЕУ  и го овласти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, да го потпише документот, што е предвидено да се случи следната недела во Црна Гора. На средбата, на којашто ќе биде …

Continue Reading