Панова: СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата агенда за целосна партизација на судството

Стручните соработници сега ќе го креваат рејтингот и на Советот на јавни обвинители. СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата агенда за целосна партизација на судството во Македонија. Не поминува ден, а да нема скандал поврзан со судството и судскиот систем во државата. Денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на дневен ред се …

Continue Reading

Стојаноска: Предлог-измените на Законот за работни односи се противуставни и против сите европски декларации за труд

Таканаречениот европски фронт на власта започнува процес, со кој на македонските работници ќе им овозможи работа од утро до мрак. Целата македонска јавност вчера беше сведок, како власта, по експресно брза постапка, вчера ја свика и ја започна Комисијата заевропски прашања, со 8 точки на дневен ред, кои се во врска со договорот Бехтел и Енка. Денес треба да продолжи …

Continue Reading

Комисијата за европски прашања ја почна расправата за законските измени за коридорите 8 и 10 д

Собраниската Комисија за европски прашања започна со расправа по дневниот ред на кој се ставени шест точки, петте предлог-законски измени за коридорите 8 и 10д, и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители. Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на …

Continue Reading

Средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на Ромите и на Комитетот за односи меѓу заедниците

Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија и Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска одржаа работна средба со претставниците на Коалицијата на граѓански организации-Форум на помалкубројни заедници во Републиката. Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите и на Комитетот за односи меѓу заедниците 1 На работната средба, како …

Continue Reading

Посета на делегација на пратеничка група на Парламентот на Австрија за соработка со Собранието на Македонија

Делегација на пратеничката група на Парламентот на Република Австрија за соработка со Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе има средба со Арбер Адеми, претседателот и со членовите на Комисијата за европски прашања. Како што најавија од собраниската прес – служба, делегацијата на пратеничката група на Парламентот на Република Австрија ќе оствари средба и со Лолита Ристова, претседателка на Клубот …

Continue Reading

Седница на работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница. Седницата е закажана за 14:30 часот во Владата, а по нејзиното завршување е предвидена изјава од претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска. Претходната седница се одржа завчера, а се дискутираше за деловникот, методологијата и начинот на работа. Како што изјави тогаш Николовска, изготвувањето …

Continue Reading

Законите за коридорите го поминаа првиот собраниски филтер

Пратениците вчера на пленарна седница ја усвоија потребата по скратена постапка да се донесат измените на петте закони означени со европско знаменце поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Заседаваше и матичната Комисија за европски прашања, која е следниот филтер за законските измени, но само го утврди дневниот ред и според најавите денес треба да почне расправата. Опозициските пратеници …

Continue Reading

Делегација од Советот на американски амбасадори во Скопје

Советoт на aмбасадори од денеска до 13 мај ќе биде домаќин на делегација на Советот на американски амбасадори. -Посетата на делегацијата на државава е во функција на нивната мисија за утврдување факти во регионот (Албанија, Косово, Република Северна Македонија), информира Советот на амбасадори на Северна Македонија. За денеска е предвидена средба на делегацијата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. …

Continue Reading

Комисијата за европски прашања го усвои дневниот ред, утре расправа за првиот закон за коридорите

– Собраниската Комисија за европски прашања која вечерва требаше да ги разгледа предлог-законските измени за коридорите, го усвои само дневниот ред, а со расправата по првата точка треба да почне утре. Пред да биде изгласан дневниот ред, процедурално за збор се јавија координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и заменик-координаторката Ели Панова. Тие реагираа дека се прават сериозни …

Continue Reading