Тренчевска – Исмаили во Брисел: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани

TREMcevska brisel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска почна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19  Вработување и социјална политика, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили.







Како што информира Министерството за труд и социјална политика, на средбата се разговараше  за Поглавјето 19 и за тоа дека европската интеграција е најдобрата формула за понатамошниот развој на Македонија. Соговорниците разговараа и за напорите кои државата изминатите години ги прави со цел усогласување на домашното со европското законодавство.

-Нашите политики и иницијативи се фокусираат на креирање повеќе работни места и отворање можности. Тие промовираат солидарност меѓу генерациите и се засноваат на социјален дијалог со социјалните партнери, во насока на заштита на правата на работниците, зголемување на конкурентноста на економијата, вклучително и социјалната економија,истакна Тренчевска.

МТСП наведува дека соговорниците изразија уверување дека преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK