Изгласан Законот за задругите, Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво

sobranie
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собранието вечерва во рамки на 115. седница го изгласа Законот за задругите и ги избра Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво.







Претходно, по целодневна расправа, беше изгласан дневниот ред на 115. седница на која беше утврдена потребата за носење на предлог-измени на пет закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце.

Означувањето на законите со европско знаменце беше причина за целодневната расправа во тек на која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица побараа од предложениот дневен ред да се тргнат овие точки, меѓутоа, нивните предлози не беа изгласани.

Стои и петнаесетта седница  ќе продолжи утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK