(Видео) Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија. „Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика …
Continue Reading
Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари
На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска истакна дека пратениците од СДС по вчерашниот поднесен амандман за кратење на спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаат барање за истата ставка и тоа со кратење на средствата за дополнителни 34 милиони денари. „Работите се денеска многу појасни за македонската јавност, по …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. …
Continue Reading
„Влен“: НАИ како коалиција без кауза веќе се распаѓа
„Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда“, велат од „Влен“. „Нивниот континуиран …
Continue Reading
„Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС. Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е …
Continue Reading
Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро
Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. „Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами, упорно бега од покачување на минималната плата на 500 евра
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница побара од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, да објасни зошто Владата употрно одбива да ја покачи минималната плата барем на 500 евра, во услови на растечки трошоци, кога синдикалната потрошувачка кошница се зголемила за повеќе од 4.500 денари во последните 15 месеци. „Индексот на трошоците на живот во октомври 2025 …
Continue Reading
Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто, како што информираатм се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. Анкетната комисија, појаснуваат од СДСМ, треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на …
Continue Reading
Минчев на регионален министерски состанок во Рим: Македонија значително напредува во административните реформи
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на регионален министерски состанок со колегите од земјите од Западен Балкан предводен од италијанскиот министер за јавна администрација, Паоло Зангрило. Средбата се одржа на маргините на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим. Фокус на состанокот беше во насока на напредокот во реформите во регионот, зголемување на …
Continue Reading