(Видео) Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не е инструмент на одговорно планирање, ова е фактура за промашениот буџет од декември. Буџетот не издржа ниту половина година, а граѓаните сега ја плаќаат цената на владината неодговорност“, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на Комисијата за финансирање …
Continue Reading
Крмов: Големите партии не бараат компромис – бараат изговор да закочат една изборна единица
По денешната средба на политичките партии за измените на Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, истакна дека Левица повторно настапила конструктивно и понудила компромисно решение, но предупреди дека постои основано сомневање дека големите партии бараат нови причини повторно да не се воведе една изборна единица: „Нашето компромисно решение беше да помине една изборна единица, а …
Continue Reading
(Видео) Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара со опозицијата за Изборниот законик, проблемот е кај власта
Намерата на власта не била реформа и подобрување на Изборниот законик, туку изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, обвини пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска. „Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска. Таа …
Continue Reading
Кузманоска: Со овој ребаланс инвестираме и во идните можности за вработувања и претприемништво
Зад секоја ставка во овој ребаланс стојат ученици, родители, земјоделци, пензионери, работници, стопанственици и општини кои очекуваат државата да ги препознае нивните потреби, кажа пратеничкаta од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Кузманоска посочи дека доколку се погледнат бројките од овој ребаланс најголемото зголемување се забележува кај капиталните расходи, кои се зголемуваат …
Continue Reading
Стојаноски: Сè што ќе договори опозицијата за Изборниот законик ќе прифатиме, сè додека дијаспората може да гласа
ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати договорот што опозициските партии ќе го постигнат за измените на Изборниот законик, сè додека се овозможи дијаспората да гласа на изборите, изјави пратеникот Бојан Стојаноски по денешната средба на работната група. Стојаноски рече дека на средбата било разговарано за ставовите на политичките партии и за предлозите поврзани со гласањето на дијаспората. „Нашиот предлог беше прво електронско …
Continue Reading
ЛДП: ЕУ воведува флексибилност на границите
Либерално-демократската партија соопшти дека Европската комисија најавила дополнителна флексибилност во примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС), само еден ден по Конгресот на АЛДЕ во Виена, на кој била усвоена итна резолуција против малтретирањето на граѓаните на границите на Европската Унија. Според ЛДП, резолуцијата била предложена од партијата и сестринските партии од ЛИБСЕН и усвоена со големо мнозинство. …
Continue Reading
ДУИ: Северна Македонија на Самитот на НАТО со делегација без Албанци
ДУИ реагира на составот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Турција, наведувајќи дека во неа нема ниту еден претставник Албанец. Од партијата оценуваат дека ваквиот состав на делегацијата е „одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор“. „Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на …
Continue Reading
(Видео) „СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев“, вели Манасиевски
„Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. …
Continue Reading
Одредбите за политичкото рекламирање од Изборниот законик на дневен ред во Уставниот суд
Уставниот суд утре ќе ја одржи 18. седница на која ќе се дискутира по иницијатива на политичките партии Левица и Демократи, во кои се оспорени одредби од Изборниот законик. Одредбите се однесуваат на платеното политичко рекламирање. Левица во иницијативата наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните …
Continue Reading