Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк, велат од ВМРО-ДПМНЕ


gostivar-epidemija.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.


Токму тоа, како што додаваат, е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори.

„Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е?

Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат“.

Според владејачката партија, никој не смее да биде заштитен од политичка или институционална одговорност.

Ги повикуваат надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации.

„Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки.

Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK