Советниците од Левица во скопските општини со иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење на дивоградби
Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, со цел поефикасно и економично спроведување на надлежностите на општините во делот на градежната инспекција и отстранувањето на бесправно изградените објекти. Со овие иницијативи, како што велат од таму, би се воспоставил системски пристап кон проблемот со бесправните градби на ниво на целиот град. „Ваквиот …
Continue Reading
(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ, кажа Кузеска
„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција. …
Continue Reading
Заедно со граѓаните ќе ставиме крај на предавничките ДПМНЕ-ЗНАМ, порачуваат од СДСМ
ДПМНЕ-ЗНАМ прават национално предавство, со договори-мигранти за пари ја продаваат Македонија. Нема пари во буџетот, државата доцни со исплата на социјална помош, породилно, поврат на ДДВ, нема пари за поголеми плати и пензии. Дупката е веќе 1 милијарда евра, велат од СДСМ. На власта, додаваат од опозициската партија во соопштението, и требаат пари ама не за плати и пензии туку …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните. Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата …
Continue Reading
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ. „Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става …
Continue Reading
Мицкоски вели дека Обвинителството треба да се позанимава со СДСМ околу изјавите за мигрантите
Премиерот Мицкоски вели дека Обвинителството треба да реагира на изјавите на СДСМ дека ќе се носат мигранти во Македонија. Според Мицкоски, овие изјави претставуваат создавање немир и паника кај граѓаните, што, како што вели, е предвидено во Кривичниот законик. „Мора тука и обвинителството да се позанимава со оваа тема затоа што во Кривичниот законик ова е еден вид насилство, создавање …
Continue Reading
Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември
Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не е датум за затворање на трезорската сметка, туку рок до кој институциите е потребно да ги достават сите тековни расходи за навремена исплата. Според премиерот, и по истекот на овој рок ќе има толеранција и институциите нема да бидат одбиени …
Continue Reading
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти
ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната …
Continue Reading
(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари
„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите исплати: нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно, нема ни за поврат на ДДВ. Дупката изнесува најмалку 1 милијарда евра“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Како што истакна Димитријевиќ, „власта не се грижи …
Continue Reading