Николоски: Последната анкета која ќе излезе деновиве покажува дека ВМРО-ДПМНЕ води 3 спрема 1 против СДСМ и на следните избори самостојно ќе освои над 61 пратеник

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото интервју на телевизија Шења го истакна уште еднаш ставот на партијата дека партијата е монолитна и обедината, како никогаш досега, што го постигна оваа партиско раководство на чело со претседателот, Христијан Мицкоски кои од валандовскиот Конгрес наследија партија која беше речиси пред затворање. „Партијата е монолитна и обедината а тоа, всушност и се …

Continue Reading

Николоски: Има нечесна коалиција помеѓу ДУИ, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Во интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ФАЦ, помеѓу другото, обзнанува нешто што ние извесен временски период го знаевме, но чекавме да добиеме солидни податоци за да го потврдиме во јавност. А, тоа е дека има една нечесна коалиција помеѓу ДУИ, пред се Али Ахмети и Артан Груби, СДСМ и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ каде што се тргува …

Continue Reading

Ковачки: СДС, ДУИ и Пендаровски му ветувале кривична неказнивост на Груевски за уставни измени – Ние нема да отстапиме, уставни измени нема да има, но одговорност ќе има за сите

– Станува збор за еден сериозен предизвик во кој што се наоѓа нашата татковина Република Македонија. Факт е дека ова е битка на новата генерација на политичари на ВМРО-ДПМНЕ и ние таа битка ќе ја добиеме. Станува збор за еден план кој што е направен од страна на сегашното раководство на СДС, на претседателот Пендаровски и на поранешниот премиер, Никола …

Continue Reading

Тренчевска се сретна со пензионерите: Работиме на измени на законот, со што ќе се обезбеди повисока минимална пензија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите. Рече дека Владата има слух за сите граѓани во државата и дека одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика се потврда за тоа. Таа истакна дека веднаш по одржаната средба во …

Continue Reading

Спасовски со новиот словенечки амбасадор, Грегор Пескор: Одлична соработка меѓу МВР на двете земји и многу заеднички проекти

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа протоколарна средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и новоназначениот амбасадор на Република Словенија Н.Е. Грегор Пескор. На средбата министерот Спасовски изрази благодарност за поддршката од страна на Република Словенија за процесите за започнување на преговори со ЕУ, како и добрите пријателски односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи …

Continue Reading

Јаревски за Груевски: Обидите за поделба на ВМРО-ДПМНЕ се залудни, ВМРО-ДПМНЕ е цврство и непоколебливо

„Имаме ситуација каде ВМРО-ДПМНЕ 6 години е под континуиран атак, не само од надвор, не само од власта, него и од сегменти на платена опозиција и патриоти на батерии кои се многу силни зад тастатура, серија на мали партии, како да ние сме проблемот на сите прашања“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во гостување во Радио Лидер. …

Continue Reading

Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, денес и утре ќе учествува на работилницата на високо ниво од програмата ТAIEX на Европската Комисија, која се одржува во Вилниус, Литванија. Абдиу-Халили зеде учество во сесијата на тема: „Напредокот и предизвиците на земјите од Западен Балкан на патот на пристапување кон ЕУ …

Continue Reading

Мицкоски до Груевски: Жалам што се одлучи да правиш јавна пародија, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса

По јавните преписки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на оваа партија Никола Груевски, Мицкоски повторно со порака до својот претходник. „Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам“, му пишува Мицкоски. Му порачува дека …

Continue Reading

СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место

„Два концепти во земјава се кристално јасни, ДПМНЕ е за изолација а СДСМ за членство во ЕУ. СДСМ посветено работи на продолжување на европскиот пат на државата. Членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии“, соопшти СДСМ. „Евроинтеграцијата носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот …

Continue Reading