Милошоски: Во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена, а законот за амнестија ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

„ВМРО-ДПМНЕ беше против носењето на вакви измени. Прво, по однос на процедурата. Ваквите измени се носат со европско знаменце, во ниедна европска земја Кривичен законик не се менува за два дена“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во централниот дневник на Сител телевизија. Милошоски додаде дека со овие измени на Кривичен законик се увиде дека на …

Continue Reading

Османи-Билстром: Преку реформите поддржани од Шведска, поблиску до европското семејство

Во рамки на учеството на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобиас Билстром. Османи упати благодарност за континуираната поддршка од Шведска на европскиот пат на Северна Македонија, особено нагласувајќи ја активната улога на Шведска за напредокот на реформските процеси во нашата држава. “Високо …

Continue Reading

Османи: Воената агресија на Русија влијае на севкупната функционалност на ОБСЕ

На маргините на 78-то Генерално собрание на ОН, во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот Бујар Османи предводеше средба на ОБСЕ Тројката, во која покрај Северна Македонија, влегуваат и Финска и Полска, и Генералната секретарка на ОБСЕ. Со министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, министерот за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау и Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга …

Continue Reading

АНЃУШЕВ: ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАЛТА

Почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, проф. д-р Кочо Анѓушев, го честита Денот на независноста на Малта, која годинава одбележува 59 години независност од Обединетото Кралство, стекната во 1964 година. Почесниот конзул Анѓушев упатува желби за социјална и економска благосостојба до народот на Малта, а почесниот конзулат отворен во Скопје во 2021 година, е показател за посветеноста на двете земји за …

Continue Reading

МОН со поддршка од ЕУ креира нов електронски дневник, кој ќе се применува во второто полугодие

Со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија, Министерството за образование и наука изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата. Во новото софтверско решение интегрирани се сугестиите на наставниците, родителите на учениците и сите институции кои имаат пристап до системот и се очекува досегашните предизвици целосно да бидат надминати. Првичните тестирања на новиот систем се веќе спроведени, …

Continue Reading

Мицкоски: СДСМ повторно осудена дека клевети и шири лажни вести, овој пат за пречистителната станица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека добил уште една пресуда против СДСМ. Овојпат, како што вели, се работи за пречистителната станица на Град Скопје. „Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека …

Continue Reading

(Видео) Пендаровски: Руската агресија врз Украина нанесе силен удар врз меѓународниот мир и безбедност, најитно да се стави крај на војната

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста во Украина“. Тој порача дека најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање …

Continue Reading

Николоски: Тие што го менуваат Кривичниот законик не размислувале дека има и други членови, по кои што можат да се гонат, сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат

Во однос на неодамнешните измени на Кривичниот законик кој беа донесени по брза процедура со европско знаменце, потпретседателот Александар Николоски во интервју за ТВ Шења истакна дека од ваквите измени најмногу корист имаат одредени структури од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни и сегашни функционери и министри од актуелната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ кои се огрешиле пред законот. …

Continue Reading

Владата на Ковачевски за три години двапати набавува софтвери за 40 милиони евра, а институциите молчат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Владата на Ковачевски за три години двапати набавува софтвери за 40 милиони евра, а како што велат, институциите молчат. „Владата пред три години додека Рашковски е генерален секретар на владата набавила софтвери за 15 милиони евра, тоа е една од набавките заради која падна Рашковски, за сега владата на Ковачевски исто така да набави софтвери од истата …

Continue Reading