Мицкоски за случајот Онкологија: Доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците или сестрите

Денес стана нормално во државата секој еден поединец кој си има работа со системот да даде пари или мито. Од највисоката до најмалата позиција. Се краде од министер до портир низ државните институции, а оној кој не го прави тоа, на него се гледа како исклучок. И оваа култура на корупција и крадење е само пресликување на однесувањето на челните …

Continue Reading

Османи: Силно го осудувам убиството на полицаец на северот во Косово

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи преку социјалната мрежа „Икс“ (Твитер), изрази осуда за убиството на полицаец во Косово. „Силно го осудувам убиството на полицаец на северот на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите“, напиша Османи. Порача дека изразува целосна поддршка за сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. „Актите на насилство нема да ја …

Continue Reading

Демократскиот сојуз: Владата да реагира на грубото мешање на Бугарија во пописот во Албанија

Демократскиот сојуз ги повикува сите Македонци во Албанија на пописот слободно да ја искажат својата национална и верска припадност, како и мајчиниот македонски јазик на кој зборуваат и да не им обрќааат внимание на заканите на претставници од Бугарија. „Националната свест има највисока цена и со ништо не може да се промени. Демократскиот сојуз го повикува државно-политичкиот врв да се …

Continue Reading

СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, намалени цените во маркетите

СДСМ како одговорна партија со конкретни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните, велат од партијата преку соопштение. „Новата мерка за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати. Намалени се цените на стотици прегранбени производи во 25 категории кои граѓаните најчесто ги користат. По пониски цени во маркетите се продаваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска од Битола: Министерството за култура ги почитува филмските уметници во откривање на „непозното“

Многубројни гости со силен аплауз го поздравија македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски, по светската премиера на Фестивалот во Венеција, со кој вчеравечер во Центарот за култура во Битола беше отворен 44. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава се одвива под мотото, „Прекрасното непознато“. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста пред проекцијата на …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски: потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на  „Македонија2025“. На свеченоста, претседателот Пендаровски го одликуваше главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“, за …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат

„На сите им е јасно веќе, дека уставни измени под бугарски диктат, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи, потребни се брзи избори. И на врапчињата веќе им е јасно дека уставни измени, под бугарски диктат, нема да се случат и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. На оската ДУИ, СДС и Груевски, не им успеа ни последниот план, кој беше осуетен на …

Continue Reading

Книгата за Македонците испиша историја и во Италија

Книгата на д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, „Македонци-Милениумски сведоштва за идентитетското име“, овогодинешната европска турнеја ја заврши во Италија, со две промоции во Канели и Венеција. Македонските иселеници жедно ја дочекаа книгата која што во себе ги има собрано сведочењата за Македонците и нивното постоење низ повеќе од 2.000 години. Авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на …

Continue Reading

Мицкоски вели дека Гордана Јанкулоска е жртва на политички терор и тортура

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше средбата со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Мицкоски рече дека се работи за редовни средби со луѓе од партијата од актуелните, но и од претходните раководства. Според него, Јанкулоска е жртва на политички терор и тортура, која што е правена врз неа и нејзиното семејство. „Ќе ми биде чест и некој друг викенд …

Continue Reading