СДСМ: Нови мерки за намалување на цените на соковите, пијалаците, овошјето и зеленчукот
„СДСМ како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и нивниот стандард, продолжува со мерките за намалување на цените на прехранбените производи. Списокот на производи со „гарантирана цена“ се проширува со безалкохолните пијалаци, соковите, газираната и негазираната вода и пивото“, соопшти СДСМ. „Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените, кои се применувале на 19 септември 2023 …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Дали тендерите од Пановска кон Пановски фрлаат црна дамка на Kлиниката за хематологија
„Дали тендерите од Пановска кон Пановски фрлаат црна дамка на Kлиниката за хематологија? Договорот за набавка склучен на први септември со веледрогеријата АД Д-р. Пановски не е прв договор кој оваа клиника го склучила, каде директорка е ќерката, а понудувач таткото“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Бизнис интересите и тендер политиките што оваа власт на СДС и ДУИ со години ги спроведуваа насекаде, …
Continue Reading
Османи: Само со одговорно лидерство и заеднички решенија ќе можеме да ја одржиме функционалноста на ОБСЕ
На барање на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, во Виена се одржа вонреден состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ, со засилено учество на високо ниво. Со оглед на критичните предизвици со кои се соочува Организацијата во светло на агресијата на Руската федерација врз Украина, министрите за надворешни работи и други високи претставници на државите учеснички …
Continue Reading
Костадиновска-Стојчевска: Европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските
По повод 26 септември, европскиот ден на јазиците, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска порача дека „европскиот ден на јазиците е ден и на македонскиот јазик како еден од европските“. „Јазик преку кој во европската култура, наследство и традиција се вградени делата на нашата фолклорна традиција, но и на нашиот современ македонски израз. Со македонскиот јазик со Европа ги сооделивме и …
Continue Reading
Спасовски: Инцидентите на Косово го засегаат целиот регион, безбедносната состојба во Македонија е под контрола
Безбедносната состојба во Македонија е под контрола, по настаните во Косово, но инцидентите го засегаат целиот регион, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за српска „Политика“. „Инцидентите на северот од Косово секако дека го засегаат соседството, односно целиот регион, но безбедносните служби будно ја следат ситуацијата, собираат информации и се прави редовна анализа. Засега безбедносната ситуација во …
Continue Reading
Петровска и Шарец го потпишаа новиот договор за одбранбена соработка меѓу Македонија и Словенија
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец денеска во Министерството за одбрана го потпишаа Договорот за соработка во одбраната помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. Министрите Петровска и Шарец имаа тет-а-тет средба и билатерална средба со делегациите од двете држави, по што следуваше и заедничка прес-конференција во Клубот на пратеници. „Со задоволство го потпишавме …
Continue Reading
Тренчевска: Исклученоста од општеството, дискриминацијата, потиснувањето на капацитетите на еден поединец негативно влијае врз целокупниот систем
Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи за Владата е приоритет и претставува главниот столб на кој се потпираат донесувањето на Закони и креирањето на политики, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на денешната панел дискусијата насловена: „Економската цена за исклучување врз основа на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и изразување и половите карактеристики на пазарот на …
Continue Reading
Стојаноски: Нема да поддржиме одлука за прераспределба на средства која значи повеќе пари за тендери во 4 очи, криминал и корупција
Денес почнува расправата по Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, формално ова не е ребаланс иако промените се значајни и власта можела да достави ребаланс на Буџетот до Собранието. „Причината за ваквото избегнување е неажурноста, бегањето од редовна постапка и рокови и немањето капацитет да се …
Continue Reading
(Видео) Митева: Нови 3 милиони евра на тендер од Пановска за Пановски
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната прес-конференција обвини дека здравството во земјава наместо да биде извор на лек и спасување на животи, стана извор на сомнителни тендер. Милионските бизниси и фаворизирањето на семејни фирми, како што рече, не е новитет за оваа влада, а во секторот здравство, според Митева, тоа е и најизразено. Таа зборуваше за, како што ја …
Continue Reading