Димитриевски со повик до САД: Отворете го визниот режим за САД, за една мала Македонија со што ќе и покажете на Европа дека стоите зад нас

“Нашите стратешки партнерства се најбитниот момент за оваа мала и скромна држава. Имаме еден договор потпишан со Соединети Американски Држави  и јас искрено верувам дека тие се нашиот реален партнер, но мора да бидат многу поотворени и многу подиректни. И од овде упатувам еден апел до нив, до нашиот стратешки партнер САД: Знам дека сакате да ни помогнете, ние го очекуваме тоа, …

Continue Reading

Меџити: После 20 години комплетно реновирани одделите за гинекологија и неонатологија во тетовската болница

Министерот за здравство, Фатмир Меџити вчера ја посети Клиничката болница во Тетово, каде се комплетно реновирани и опремени двата оддели за гинекологија и неонатологија, а комплетно е реновирана и опремена и една амбуланта. – Ова се значајни инвестиции со кои на пациентите им овозможуваме услови кои наликуваат на големите медицински центри низ Европа. После 20 години Клиничката болница во Тетово …

Continue Reading

Ахмети на средба со Хулман: Усвојувањето на уставните измени неопходна потреба, земјата нема друга алтернатива освен членство во големото европско семејство

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман. На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја. Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување …

Continue Reading

Мицкоски: Граѓаните најдобро ги гледаат цените, Ковачевски да се разбуди од сонот, а од опозиција подобро ќе ги види

Ковачевски или треба да се разбуди од сонот или да ја промени диоптријата, затоа што граѓаните најдобро знаат какви се цените, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за изјавата на Ковачевски дека има производи на кои цената им е намалена за 40%. „Ковачевски можеби треба да ја промени диоптријата, прашајте ги луѓево, направете една анкета, тие најдобро …

Continue Reading

Мицкоски: Економијата е во катастрофална состојба, цените растат, а се намалува вредноста на примањата на граѓаните

„Јасна е кондицијата, во првата половина од годината, растот на БДП е далеку од под проектираниот, ако беше проектиран на 3,3 и повеќе проценти, во првата половина е едвај еден и половина. Индустриското производство и веќе и во третиот квартал, на почетокот би рекол и крајот, паѓа драматично со двоцифрена бројка. Говорам тука пред се за преработувачката индустрија“, истакна претседателот …

Continue Reading

Османи како претседавач со ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел, бара Македонски концепт

Партијата Македонски Концепт бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи, како претседавач на ОБСЕ да иницира признавање на Ерусалим за главен град на Израел. Ова барање, како што велат од партијата, следи по последното симптоматично и проџихадистичко однесување на Османи, кој одби да ги именува нападите на Хамас врз Израел како терористички од терористичка организација. „Првиот чекор да го …

Continue Reading

Грковска – Перебијнис: Украина е пријателска земја и секогаш може да смета на поддршката од Северна Македонија

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис, кој деновиве е во посета на земјите од регионот. Вицепремиерката Грковска изрази поддршка за украинските граѓани во справувањето со руската воена агресија врз Украина и борбата за зачувување на територијалниот интегритет на државата. Таа нагласи дека …

Continue Reading

Тренчевска: Продолжуваме со работа која значи унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост

По извршениот увид на Комитетот на Совет на Европа за превенција од тортура и нехумано или понижувачко постапување или казнување на институциите кои работат со згрижување на пица со интелектуална попреченост и нарушување на психичката состојба, беше презентиран прелиминарниот извештај пред Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Воглавно на состанокот се разговараше за успешноста на процесот од деинституционализација …

Continue Reading

Левица: Трошоците за „Бехтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет

Агенцијата за рејтинг „Фич“ предупредува на можни негативни последици од скандалозниот проект за Коридорот 8 и 10Д, иако го потврди кредитниот рејтинг кој е далеку од инвестициски. За оваа година, агенцијата проектира забавен раст на БДП до 1,9 отсто и укажува дека проектот на „Бехтел и Енка“ ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години, велат од …

Continue Reading