„Заради неспособниот Ковачевски инфлацијата во Македонија е за 50% поголема од таа во Еврозоната“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заради неспособниот Ковачевски инфлацијата во Македонија за 50% поголема од таа во Еврозоната. Бројките на ДЗС и Евростат покажуваат дека Ковачевски лаже кога вели дека инфлацијата е увезена. Во ЕУ истата е 4.3%, во Македонија во истиот период 6.6%, тоа е за 50% повисока инфлација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа што народот можел да го купи со 500 денари пред да дојде …

Continue Reading

Ковачевски: СДСМ ќе победи на претседателските избори и ќе ја формира идната европска влада

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово. „Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе …

Continue Reading

Сајкоски: Историјата на Македонија не може да биде предмет на договор на некоја комисија

Oва е најзначаен датум, бидејќи македонскиот народ и граѓаните на Македонија во долгиот континуитет на борба успеаја да ја донесат слободата, да ја никнат македонската држава, рече Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на дебата насловена како „Образовни процеси-мост од историјата кон иднината“ која е во рамки на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Важно е! Од тебе зависат промените“. Сајкоски укажа дека …

Continue Reading

Николоски пред Совет на Европа – Радев и Јотова спроведуваат екстремна политика на национално негирање кон Македонците во Македонија, Бугарија и Албанија

Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата. Во Нацрт-резолуцијата се нагласува …

Continue Reading

Мора да ја градиме Северна Македонија како демократска и функционална правна држава, со еднаквост пред законите, порача Пендаровски

Слободата и правдата се идеали што ја придвижуваат човековата историја. Понесени од овие идеали, на 11 октомври 1941 година, 16 млади борци од прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ ги нападнаа симболите на фашистичката окупаторска власт и го означија почетокот на македонската народноослободителна и антифашистичка борба. Со овој чин, македонскиот народ и македонските граѓани станаа дел од големата антихитлеровска коалиција. Слободољубивите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Малку беше инфлацијата, владата двојно ја зголеми стапката на ДДВ за производи кои секој ден народот ги купува

Инфлацијата ги изеде пензиите, платите и стандардот на граѓаните. Од јануари 2021 година до септември 2023 година храната и пијалоците се поскапени за 45%, трошоците за домување се повисоки за 27%, транспортот за 35%, колку и услугите во рестораните, а платите и пензиите не се зголемија со истото темпо. Ова значи дека реалната вредност на платите се намалила. Бројките се …

Continue Reading

Мицкоски: Да научиме од грешките, да се спротивставиме на оние кои распродаваат, преговараат и уценуваат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Денот на народното востание порачува дека е важно да не ги заборавиме сите наши борби за независна Македонија. Важно е да се знае, вели тој, дека 11 Октомври е продолжение на илинденската борба за слобода, ден кој е почеток на борбата против фашизмот. Според него, важно е да не се заборави дека овој …

Continue Reading

Ковачевски: Да ја внесеме државата во ЕУ, едни до други и едни со други, да останеме обединети по патот напред

11-ти Oктомври бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја, вели премиерот Димитар Ковачевски, честитајќи го Денот на народното востание. „Благодарение на успехот во НОБ, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија. Затоа 11-ти октомври 1941-та година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: За неколку месеци од денеска во Македонија ќе има нова политичка реалност и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Навистина динамичен ден. Почнавме од Ново Село, продолживме во Босилово, а сега завршуваме во Василево. Има што да се види и да се покаже, направени се многу работи и покрај тоа што имаме работа со влада каде што не се води сметка за сите граѓани во Македонија, за сите општини. И тоа е така затоа што тие мислат дека ако …

Continue Reading