Трајанов: Итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица
Итно да се усвојат измените на изборниот законик за една изборна единица, порача на прес-конференција, претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов. „Македонија треба да биде една изборна единица, како клучен предуслов за демократизација на државата и промени кои ќе гарантираат коренити реформи, владеење на правото, борба против криминалот и просперитет на државата. Младите сакаат да живеат во држава …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: ММФ ја потврди успешноста на економските мерки и политики на СДСМ
Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ дојде од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа 2023 година, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Проекциите за наредната година, како што рече, се дека македонската економија ќе расте за 3,2 …
Continue Reading
Стојаноски: Во ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија се наоѓа потврда за системскиот криминал
Денес на Комисијата за финансирање и буџет ќе се разгледува Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2021 година на јавна здравствена установа универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „Ова е прв пат во историјата на Собранието на Република Македонија да биде разгледуван поединечен ревизорски извештај. Од извештајот гледаме дека Државниот завод за …
Continue Reading
ДУИ: Да се истражи доделувањето на 16 милиони евра од општина Чаир, на две фирми со ист сопственик
Демократската унија за интеграција како што велат во нивното соопштение со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир. „Се известува дека од 2020 до 2023 година – општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми “Бауер БГ ДОО“ и “ЕнергоИнвест Трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова. Според информациите, општина …
Continue Reading
Димитриевски: Коридор 8 е капитален грабеж во државата чиишто пари треба да се преусмерат за проектот Чебрен
„Стратешките проекти за државата треба да бидат реализирани со наши домашни пари. Место да трошиме пари на проектот Коридор 8 којшто веќе го имаме, изграден е преку Косово и треба квалитетно да се конектираме, а од друга страна веќе градиме уште еден таков. Парите од Коридорот 8 којшто не е капитален проект, туку капитален грабеж во државата да се преусмерат …
Continue Reading
СДСМ: Антиевропската агенда на ДПМНЕ е антимакедонска
„Денеска кога имаме своја македонска држава, потврдена и признаена во Европа и светот со потврден и признаен македонски јазик во Европа и во светот – нашата современа битка е да не дозволиме лични, партиски или други агенди, туѓи цели, да ни го попречат европскиот пат“, соопшти СДСМ. „Денеска, патриотизам значи македонскиот дом да го прошириме во европскиот дом, за никој, …
Continue Reading
СДСМ: ММФ ги подобри проекциите, во тешки услови 2,5% раст на македонската економија
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за 2023 година, а проекциите за наредната година се дека стапката на раст ќе се искачи на 3,2 проценти, велат од СДСМ. Ова, како што додаваат, е уште една потврда за економските политики на владата предводена од СДСМ, со кои македонската економија во …
Continue Reading
Николоски: Македонија не даде кредибилен демант дека власта не ја прислушува опозицијата
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа извештајот на СЕ за злоупотреба на прислушкувањето и следењето во својот говор во Советот на Европа. „Би сакал да го поддржам овој многу важен извештај. Со право се вели дека – Собранието треба да ја осуди употребата на шпионски софтвер од страна на државните органи за политички цели, што е прекршување на правото …
Continue Reading
„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите …
Continue Reading