СДСМ: Нови исплати преку мерката Мој ДДВ, 790 милиони денари се враќаат кај граѓаните

„СДСМ продолжува со мерките и политики за враќање на парите кај грѓаните. Почна исплатата на средствата од МојДДВ за третото тромесечје од 2023 година. На сметките на речиси половина милион граѓани легнуваат вкупно 790 милиони денари. Со проектот МојДДВ за над четири години на сметките на граѓаните се вратени безмалку 120 милиони евра“, велат од СДСМ. „Тоа се сериозни пари …

Continue Reading

Левица: Османи ќе потроши речиси милион евра за изнајмување на автомобили

ОСМАНИ ЌЕ ПОТРОШИ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛИ 🚨 Државата во која има сериозен недостиг на возила за брза помош, противпожарни возила и возила за транспорт на лица со попреченост, како и возила во други јавни сервиси потребни за граѓаните, ќе потроши сума од речиси МИЛИОН ЕВРА, за неколку дневно удобно возење на дипломатите кои ќе гостуваат на …

Continue Reading

Грковска-Јовески: Неопходно е кадровско и техничко зајакнување на обвинителскиот систем и извршување на професијата со одговорност и интегритет

Во рамки на координативните средби со претставници на надлежните институции за борба против организиран криминал и корупција, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. На средбата присуствуваа и претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, основниот јавен обвинител на Основното јавно …

Continue Reading

Конференцијата на ОБСЕ ќе не’ чини далеку помалку од 5 милиони евра, работиме домаќински, уверува Османи

Постапуваме најдомаќински и во согласност со меѓународните стандарди кога е во прашање организацијата на конференцијата на ОБСЕ во Скопје, уверува министерот за надворешни работи Бујар Османи. Бидејќи е најголемата операција, како што вели, трошоците се дефинирани однапред. И затоа при утврдување на буџетот имавме отприлика идеја колку ќе бидат трошоците. Според искуствата на другите држави, како што објасни Османи се …

Continue Reading

Каевски: За 2 години локална власт ДПМНЕ и Стефоски во Гази Баба имаат нула резултати

После две години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини, градоначалниците на оваа партија имаат нула резултати. Ниту еден од ветените проекти во изборните програми на градоначалниците од ДПМНЕ не се остварени, изјави на прес-конференција, портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски. „Досега наведовме 10 примери, големи општини ширум републиката кои под капата на ДПМНЕ стагнираат наместо да се …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Канцер мафијата е заштитена од власт, два месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого

Канцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, ЈО со непостапувањето и незаинтересираноста со која пристапува кон случајот овозможува канцер мафијата да продолжи со нерегуларностите. „Според документите кои пристигнаа до нас има сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел. Власта си поигрува со човечки животи, а …

Continue Reading

Стојаноски: Одговорноста за случајот „Онкологија“ има и име и презиме, и може брзо да се реши, но системот кај нас очигледно не функционира

Протоколите се нешто што е медицина основана на докази, а тоа го диктираат меѓународните стандарди или американските и европските асоцијации. Оној кој е задолжен за нивно спроведување е дел од системот, така што ова што сега го дискутираме лоцира дека станува збор за системски пропуст. Лекарите се водат по медицина основана на докази, но секогаш има и исклучоци, рече доктор …

Continue Reading

Мизрахи: Скандалот „Онкологија“ е повеќе од трагедија, Анкетната комисија увиде дека системот е во тотален колапс и е дисфункционален

„Анкетната комисија започна со својата работа пред околу четири недели и досега ислушавме 52 сведока од повиканите 62. Значи 10 одбија да присуствуваат од одредени причини, дали здравствени или пак неможност да се присуствува. И тоа дава еден не убав впечаток за оние кои што не присуствувале, дека ете дека не сакаат да споделат со јавноста информации кои што ги …

Continue Reading

Каевски од СДСМ: 0 резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ДПМНЕ

После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата. Мицкоски и ДПМНЕ ги разочараа граѓаните. Градоначалниците на ДПМНЕ на половина од мандатот имаат 0 резултати, рече на денешната прес конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски. Според него, ветените проекти во изборните програми ДПМНЕ не ги …

Continue Reading