Николоски:  СДСМ се моли кај Курти наместо да го осуди мешањето во внатрешните работи, Курти нема што да бара во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе води промакедонска политика

Гледам некоја пасија, опседнатост на СДСМ да му се умилкуваат на Албин Курти. Вака интензивна комуникација немаат со ниту еден друг. Прво во Косово беа Маричиќ и Зачевиќ, потоа Пендаровски, па Курти дојде тука. И се ова се случува во рок од две и пол недели мислам дека со поблиска фамилија толку често не се гледаат, рече Александар Николоски, потпретседател …

Continue Reading

Петровска го потпиша новиот Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во Министерството за обрана го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата. Со овој Колективен договор, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем. „Вработените …

Continue Reading

Џафери-Џоана: Северна Македонија е фактор на стабилност во регионот

Премиерот на техничката влада, Талат Џафери и заменик- генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, во рамки на работната посета на седиштето на НАТО во Брисел, одржаа заедничка средба. На средбата, како што информираа од владината прес-служба, потенцирана била улогата на Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот. На средбата се разговарало за безбедноста и стабилноста на регионот, но и …

Continue Reading

Николоски: Остриот настап во јавноста на министерот Панче Тошковски доведе до решавање на проблемот со возачките дозволи создаден од неспособноста на Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ

„Ситуацијата е срамна и понижувачка, граѓаните пред се тука би рекол етничките Македонци се втор пат понижени. Прв пат беа понижени кога се промени името на државата со срамниот Преспански договор во јуни месец 2018-та година, а сега се втор пат понижени кога треба да ги менуваат основните лични документи како би можеле да комуницираат во земјата и во странство. …

Continue Reading

Џафери првата работна посета ја почнува во Брисел, ќе се сретне со Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен

Премиерот на техничката Влада, Талат Џафери денес и утре ќе оствари работна посета на Брисел, што ќе биде прва меѓународна посета по стапувањето на функцијата. Во делегацијата ќе бидат првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во рамки на посетата, Џафери ќе ги посети седиштата на НАТО и на Европскиот Совет, …

Continue Reading

Маричиќ: Постојаната поддршка од Европската Комисија е гаранција за трасирањето на нашиот европски пат

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со Герт Јан Копман – Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ДГ НЕАР). На состанокот, вицепремиерот зборуваше за придобивките од евентуалното идно членство на Северна Македонија во ЕУ, како за граѓаните, така и за европската заедница. „Вклучувањето на Северна Македонија во Европската Унија …

Continue Reading

Возачките и сообраќајните ќе бидат бесплатни, иселениците нема да плаќаат за патните листови, најави Битиќи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи информира дека на денешната владина седница било донесена одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат да бидат без надомест. „За сите возачки дозволи задолжено е Министерството за внатрешни работи да бидат без надомест“, истакна тој. Митко Бојмацалиев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, рече дека бесплатни ќе бидат возачките и сообраќајните дозволи и …

Continue Reading

„СДС сака предизборно, незаконски да вработи 1117 лица во јавното здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на мала врата, незаконски и на сила сака да истурка заедно со ДУИ предизборно вработување на 1117 лица во јавното здравство. Заменик министерката за здравство, Маја Манолева после 6.5 години власт на нејзината партија и текна токму пред избори да вработува кадри во македонското здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Таа им ветуваше до Нова Година и не го реши статусот …

Continue Reading

Ковачевски: Со грижа и почит кон пензионерите ја зголемивме просечната пензија за 6.400 денари

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска се сретна со пензионерите од Здружението на пензионери во Куманово. На средбата се разговараше за се она што Владата предводена од СДСМ го реализираше во изминатите години за пензионерите, зголемувањето на пензиите, новата методологија, финансиската помош, како и за политиките и мерките за поддршка на пензионерите планирани во новата изборна програма на партијата. По …

Continue Reading