Љутков до Костадиновска: Престанете да ја понижувате македонската културна јавност, немате никаков кредибилитет да зборувате за култура

Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи се обрати до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. „Сите мои настапи во изминативе денови, беа обид да Ви укажам на бројните пропусти од Годишната програма, а Вие не само што не сте сфатиле, туку и понатаму продолживте да тонете во калта. Малку ли Ви се бројните реакции од културните …

Continue Reading

Наместо проекти од културата, СДС финансира партиски интереси и организации, велат од Левицата

Конкурсот на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес за 2024 година повторно со контроверзии ги разбранува културните работници и независната културна сцена, а големо е незадоволството и на институционалната култура, реагираат од Левицата. „Оваа година за финансирање на културата во државата се издвоени вкупно 867 милиони и 600 илјади денари или поточно 14 милиони евра. Иако …

Continue Reading

Ковачевски: Министрите на СДСМ ќе предложат замената на сообраќајните дозволи да биде бесплатна за граѓаните

Министрите на СДСМ  ќе предложат замената на сообраќајните дозволи да бидат бесплатни за граѓаните, до крајот на годината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски  во одговор на новинарско прашање. -Пратеничката група на СДСМ вчера, нормално и претседателот на Собранието кој е сега од нашата партија низ разговор со сите политички партии дојдоа веднаш до консензус дека треба да се продолжи …

Continue Reading

Маричиќ – Лахбиб: Наша цел е да одиме чекор поблиску до ЕУ со поддршка на белгиското претседавање

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ ја предводеше делегацијата на Северна Македонија, која се вклучи во клучните дипломатски разговори со белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лахбиб, во Брисел. потврдувајќи ја непоколебливата посветеност на Северна Македонија на нејзината европска агенда. Покрај цврстата поддршка на белгиското претседателство, вицепремиерот Маричиќ ја истакна решителната посветеност на Северна Македонија за …

Continue Reading

ГРОМ: Ништо од слоганот „Никогаш северна, само Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум и тоа во техничка влада

„Граѓанската опција за Македонија ГРОМ со чудење ги гледа настапите и активностите на новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Чудењето доаѓа оттаму што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од 2019 година па наваму постојано зборуваа дека ќе го вратат уставното име“, велат од ГРОМ. „Најмалку што очекувавме е министерот да ги затвори шалтерите во МВР за издавање на …

Continue Reading

Џафери од Тетово: Реализираме рекордни инвестиции во патиштата

Премиерот Талат Џафери денеска присуствуваше и го означи почетокот на изградбата на обиколницата на Тетово преку клучката Требош до Непроштено. Денеска отпочнуваме со решение на еден горлив проблем не само за тетовци, туку и за целиот Полошки регион и пошироко. Со децении стоеше само како идеја изградбата на обиколницата околу Тетово, која создаваше невиден сообраќаен хаос за граѓаните од западниот …

Continue Reading

(Видео) Јанушев: Спасовски и Ковачевски до пред месец дена лажеа дека граѓаните, ЈО и Народниот правобранител да поведат постапки против нив

„Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се креаторите на хаосот со роковите на важење на личните карти и возачките дозволи со тоа што свесно ги довеле граѓаните во трошок и им нанеле материјална штета. Имено, иако Спасовски и Ковачевски знаеле дека од февруари 2024 години личните карти и возачките дозволи нема да важат, само заради договорот кој тие го потпишаа решиле …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Манолева втор месец молчи за непотпишувањето на согласности за вработување од министерство за финансии

„Заменик министерката за здравство, Маја Манолева вчера се разбуди од длабок зимски сон и го приватизираше Министерството за здравство каде држеше политиканство – партиска прес конференција како класичен партиски полтрон. Без факти и аргументи Манолева одлучи да одработува партиски, без срам и перде таа истата Манолева излезе со клевети дека дополнителната заменичка за Министерството за финансии “ги блокирала” враборувањата за …

Continue Reading

(Видео) Апасиев: Спасовски со илегален Правилник воведе „Северна” во лични карти и на ист начин Тошковски може да ја укине

На вчерашната собраниска седница, претседателот на Левица, Димитар Апасиев истакна дека, додека бил министер Спасовски, на неуставен начин, преку носење Правилник, го внел новото име во лични карти. Пратеникот од Левица потенцира дека претходно Левица го блокирала законот за воведување илегална двојазичност, каде било предвидено да се вметне и „Северна” во личните карти. Според Апасиев, Спасовски со носењето на ваквиот …

Continue Reading