СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да се бира во Собранието, наместо на избори не е нова. „Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ. Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на …

Continue Reading

Џафери на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туризам

Премиерот Талат Џафери денеска го посети Националниот парк „Шар Планина“ пришто оствари средба со вработените и директорот на Националниот парк, Ибрахим Дехари. Шар Планина е четвртиот национален парк во државата, а прв прогласен во Македонија. Со прогласување на Шар Планина за Национален парк, освен што се овозможи правна заштита на ова огромно природно богатство за нашата држава, исто така Северна …

Continue Reading

Димитриевски собира потписи за претседател, ги повика граѓаните да го поддржат

Кандидатот за претседател од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска се потпиша за официјализирање на кандидатурата во просториите на општинската канцеларија на Државната изборна комисија во Куманово. -Ја користам приликата да ги повикам граѓаните на Македонија да дадат поддршка, бидејќи нашата цел е да воведеме нов концепт, нови стандарди, зашто Македонија тоа го заслужува. Македонија …

Continue Reading

Тренчевска: Горда сум што броиме само позитивни промени

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово. Тренчевска го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега во домот која се спроведува …

Continue Reading

Ковачевски: Нема да пораснат платите на функционерите, пратениците на СДСМ ќе поднесат законски измени за намалување на коефициентите

„Сакам да посочам дека најдовме и уставно издржано решение со кое нема да пораснат и платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери, со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема …

Continue Reading

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети се обидуваат да го заштитат криминалот и корупција

„Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за …

Continue Reading

„Пендаровски е сериозен кандидат, но процедурата во СДСМ уште не е завршена“, рече Ковачевски

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече дека не ги коментира изјавите на политичарите. Според него дел ќе предлагаат предлози кои не зависат само од нив. „Ќе слушнеме многу предлози, кои на крај граѓаните ќе кажат кои се тие што ги сакаат“, рече тој. Според него, СДСМ ќе биде дел од коалиција и ќе води коалиција, којашто ќе ја сочинуваат партии …

Continue Reading

Маричиќ: Mораме да останеме на европскиот курс во полза на сите граѓани на Северна Македонија

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одржа средба со Никола Верола, Генералниот директор за Европа и меѓународна трговска политика во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Италија. На средбата беше истакнат фактот дека Северна Македонија ја продолжува својата посветеност кон европската интеграција, со значителен напредок по успешната реализација на скрининг процесот, мотивирани од …

Continue Reading

Активистката Мерсиха Смајловиќ е кандидат за претседател на Македонија

Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Северна Македонија на Претседателските избори 2024. Во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права. На прес-конференција на која беше промовирана нејзината кандидатура, таа рече дека иако првпат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, нејзината етничка припадност не ја одредува во политички контекст …

Continue Reading