Мицкоски: Идната влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, а ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност

mickoski28042024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.

Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.

– Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека семејствата на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.

– Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараa антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.

Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.

Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK