Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато е колку пари ќе се одлеат од Буџетот за оваа намена

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16 министерства. Предлагач на ваквите измени беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а предлогот доцна синоќа беше прифатен од 88 пратеника во Законодавниот дом. Ова е целосната листа на министерства: 1. Министерство за одбрана; 2. Министерство за внатрешни работи; 3. Министерство за правда; 4. Министерство за односи меѓу заедниците; 5. Министерство за надворешни работи …

Continue Reading

Со 88 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на министерствата

Со 88 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на органите на државната управа. Предлагач на законот беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и мандатар за состав на новата влада. Расправата за донесување на Законот со кој Владата наместо досегашните 16 ќе има 20 министерства траеше до 2:30 часот по полноќ. …

Continue Reading

Средба помеѓу претставници  на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт, изразена поддршка за измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа

После претходно одржаните консултации и постигнат договор помеѓу пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и пратеничките групи на коалицијата ВРЕДИ и партијата ЗНАМ во текот на денешниот ден, се одржа средба помеѓу претставници на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и коалицијата Европскиот фронт. На средбата беа присутни Александар Николоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски и Стефан Андоновски, а од коалицијата …

Continue Reading

(Видео) Јанчев од Левица: Носење на системски закон по скратена постапка е надвор од памет

Законот за организација и работа на органите на државната управа, претставува системски закон и преку овие измени, се менува организацијата и работата на Владата и министерствата, чија работа има директно влијание врз милиони судбини, велат од Левица. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, побара тргање од Дневниот ред на точката преку која мнозинството се обидува да прошверцува системски закон. – Прво, …

Continue Reading

Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести партијата. „Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа се со цел да го исполниме ветеното на изборите

Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на овој предлог е реформи во администрацијата, а со цел да ги решиме реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики со одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, повисоки пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие. …

Continue Reading

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џеин. На средбата беа разменети мислења за развојот на севкупните билатерални односи, за перспективите за продлабочување на развојната соработка, како и за македонскиот евроинтегративен процес, напредокот во реформите и исполнување на копенхагенските критериуми. Двете соговорнички ги поздравија традиционално добрите политички односи меѓу двете земји, при што претседателката …

Continue Reading

Гаши се сретна со бугарскиот амбасадор: Потребно е постојано да се унапредуваат односите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња. Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот …

Continue Reading

Мицкоски: Ајде да видиме што Грција направи овие години, нема да бидеме подлизурковци и да се понижуваме самите

Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот устав и тука нема никаква дилема. Секој кој е дел од институциите треба да ги почитува. Како човек кој што ќе ја предводи владата, сум обврзан да ги почитувам законите и уставот, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нов мандатар, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали стравува од влошување на односите со …

Continue Reading