Гаши се сретна со бугарскиот амбасадор: Потребно е постојано да се унапредуваат односите

thumbnail_gashi-angelov2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, на која се разговараше за односите меѓу двете земји и за можностите за унапредување на соработката на сите полиња.

Честитајќи му го изборот на функцијата на претседателот Гаши, амбасадорот Ангелов се осврна на претстојните парламентарни избори во Бугарија, како и на изборите за Европскиот парламент. Тој изрази уверување дека новоизбраните парламенти во Северна Македонија и во Бугарија ќе воспостават добра и интензивна комуникација, особено преку парламентарните групи за соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребно постојано да се унапредува климата на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија како соседни земји што се упатени на постојана соработка.

Соговорниците исто така разменија мислења и за соработката меѓу двете земји во рамките на НАТО, како и за ЕУ-перспективите на нашата земја во наредниот период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK