(Видео) „Николовски додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон, на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ“, вели Петрушевски

„Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност. Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Дон Николовски е фатен …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години

„Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани. Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратеничките групи да го поддржат законот што ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите

Денеска на дневен ред пред пратениците во Собранието ќе се најде Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија. ВМРО-ДПМНЕ апелира на соработка од сите пратенички групи. „Ги повикуваме сите пратеници за поддршка и веднаш уште …

Continue Reading

„Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски“, вели СДСМ

„Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши. Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме претставка до Антикорупциска, а јавноста очекува одговор на прашањето зошто Венко Филипче криел имот

„Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите. Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Што пријавил Венко Филипче како министер за здравство? Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година. Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како …

Continue Reading

Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Кралството Шпанија. Покрај средбата со својот домаќин, Министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, МНРНТ Муцунски ќе се сретне со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez …

Continue Reading

Средба на Гаши со Тајани: Благодарност до Италија за поддршката за пристапувањето во ЕУ

Претседателот на Собранието Африм Гаши се сретна со потпретседателот на италијанската Влада и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, кој допатува во посета на Северна Македонија. На средбата присуствуваа и пратеници од Собранието, членови на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Италија. Претседателот Гаши се заблагодари за значајната поддршка од Италија во процесот за пристапување во …

Continue Reading

Муцунски на средба на Тајани: Италија сака што поскоро да ја види Северна Македонија во ЕУ

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во еднодневна посета на нашата земја престојуваше потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани. Денешната посета претставува прва посета на министер за надворешни работи од земја членка на Европската Унија, по формирањето на новата влада. Во таа насока …

Continue Reading

ВЛЕН: Села и Ахмети злоупотребувале човечки судбини за партиски цели

„За да критикуваш за вработување на Албанците во државни институции треба да имаш образ. Кога некој имал 22 години мегдан да вработи Албанци во јавното здравство, и кога тоа свесно и со умисла не го сторил за предизборно да манипулира со нивните и гласовите на нивните блиски, е тоа е тешка злоупотреба на човечки судбини за партиски цели“, велат од …

Continue Reading