„Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски“, вели СДСМ

toskovski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши. Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност“, соопшти СДСМ.



„Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите.

Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за фунцкионерите од власта.

Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски?

Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите?

Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота.

Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK