ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратеничките групи да го поддржат законот што ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на дневен ред пред пратениците во Собранието ќе се најде Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ќе овозможи линеарно зголемување на пензиите на сите пензионери за 2.500 денари линеарно, почнувајќи од септемвриската пензија.



ВМРО-ДПМНЕ апелира на соработка од сите пратенички групи.

„Ги повикуваме сите пратеници за поддршка и веднаш уште денеска во согласност со Собранискиот деловник да се закаже Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Со овој закон ќе се оствари право на повисока пензија на 300.000 наши пензионери. 300.000 пензионери добиваат повисоки пензии, подобар животен стандард и подобри услови за живот. Ова е само почеток на она што го ветивме“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски.

Дополнително, како што рече, покрај ова покачување, во март ќе има зголемување од уште 2.500 денари линеарно за сите пензионери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK